Пејачката Адел вчера наполни 32 години и сподели нова фотографија на Instagram за да се заблагодари за роденденските честитки.
„Ви благодарам за убавите желби. Се надевам дека сите ќе останете во добро здравје во овој период. Би сакала да им се заблагодарам на сите медицински лица кои се грижат за нас и ги ризикуваат сопствените животи. Вие сте нашите ангели“, напиша Адел.
Нејзините пријатели и фанови ѝ коментираа под фотографијата дека изгледа неверојатно и дека се шокирани од нејзината трансформација.
Адел ослабе 45 килограми и изгледа неверојатно.