Адел: Сакам да му објаснам на син ми зошто му го уништив целиот живот за мојата среќа

Британската музичарка Адел, која објави дека новиот, четврти по ред албум, по шестгодишна пауза, ќе излезе на 19 ноември под наслов „30“, зборуваше за емоциите што ги носи овој албум, за разводот, за искреноста и за искупувањето.

„Мислам дека ова е албум за самоуништувањето, искреноста и искупувањето. Но, подготвена сум да ги слушнам реакциите на луѓето за мојата приказна. Сакам со овој албум да му објаснам на син ми, кога ќе има дваесет или триесет години, зошто самоволно одлучив да му го уништам целиот живот за мојата среќа. Понекогаш е многу несреќен бидејќи јас и татко му сме разведени. И тоа е жива рана за мене и не знам дали некогаш ќе успее да се опорави од тоа“, изјави Адел за британското издание на Vogue, по повод нејзиниот долгоочекуван нов албум.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Adele (@adele)

На крајот на април 2019 година, беше објавена веста дека Адел и нејзиниот сопруг Сајмон Конецки се разведуваат. За време на бракот го добија синот Ејнџел, кој се роди на 12 октомври 2012 година.

Пејачката призна дека нејзината одлука да се разведе била тешка, но дека имала пријатели кои биле со неа и ја држеле за рака навечер додека плачела неутешно.

На својот Instagram, пејачката малку подлабоко го објасни хаосот во кој се наоѓала последниве години и сите емоции што се вткаени во овој албум.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Adele (@adele)

„Не сум ни блиску до местото каде што мислев дека ќе бидам кога го започнав сето ова пред три години. Се потпирам на рутина и конзистентност за да се чувствувам безбедно, и се најдов, свесно, па дури и доброволно, во целосен хаос и внатрешни превирања... Научив многу вистини попатно, симнав некои слоеви, но исто така се вовлеков во некои сосема поинакви. Сепак, успеав повторно да го најдам своето чувство и дури можам да кажам дека никогаш во животот не сум се чувствувала посмирено. И затоа, подготвена сум конечно да го издадам овој албум во јавност... Со малку болка, успеав да го изградам мојот дом и моето срце и овој албум е за тоа. Домот е таму каде што е срцето“, напиша Адел, меѓу другото, во својата долга порака до верните обожаватели.

реклама

Предупредувачки знаци дека црниот дроб ви е полн со токсини

Read more

Промашување на векот: Најголемиот трговски центар во светот зјае празен

Read more

Што ви се случува во телото откако ќе земете „вијагра“?

Read more

Автобус изрешетан со „калашников“ во Косово, загинаа двајца тинејџери и возачот

Read more

Музика

Топ 10 женски групи кои повеќе не постојат

Read more

Billboard ја прогласи најдобрата песна на сите времиња

Read more

Spotify поради Адел ја укина опцијата shuffle за албуми

Read more

Мерилин Менсон ја продаде вилата со „соба за силување“ за речиси 2 милиони долари

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Топ 10 филмски интерпретации на принцезата Дијана

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 женски групи кои повеќе не постојат

Читај повеќе
  • play_arrow

Студент од Северна Кореја осуден на смрт поради криумчарење на серијата „Squid Game“

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавен трејлер за новиот филм „American Refugee“

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот документарец за Битлси го демистифицира распаѓањето на Фамозната четворка

Читај повеќе
  • play_arrow

Billboard ја прогласи најдобрата песна на сите времиња

Читај повеќе
  • play_arrow

Новата корејска серија „Hellbound“ руши рекорди

Читај повеќе
  • play_arrow

Ридли Скот ги обвини младите и технологијата за неуспехот на „The Last Duel“

Читај повеќе

Кијану Ривс: Изгледа уште сум во брак со Винона Рајдер

Читај повеќе