Кошарка
НБА 2019/20

Адетокумбо и Дончиќ најдобри за ноември, првпат европско дуо

4. декември 2019 - 13:42 | Ф.З.

За првпат во историјата на НБА двајца странци се прогласени за најдобри во своите конференции.

Гркот Јанис Адетокумбо и Словенецот Лука Дончиќ играат феноменално сезонава. Изминатиот месец овие двајца Европјани ги засенија сите останати и со право НБА ги прогласи за најдобри. Адетокумбо е најдобар во Истиочната конференција, додека Дончиќ во Западната.

Младиот Дончиќ растура за Далас Маверикс. Од почетокот на сезонава (22 октомври) постигнува во просек 30,8 поени, 9,9 скокови и 9,6 асистенции.

Статистиката на Гркот Адетокумбо е слична. За својот Милвоки Бакс запиша во просек 30,9 поени, 13,4 скокови и 5,9 асистенции.

Најдобрата партија Словенецот ја прикажа на 18 ноември во победата на Далас од 117:110 над Сан Антонио Спарс кога забележа трипл-дабл со неверојатни 42 поена зачинети со 11 скокови и 12 асистенции.

Гркот беше уште поефикасен во својот најдобар натпревар кој го одигра на 25 ноември кога Милвоки со 122:118 ја совладат Јута Џез. Тогаш Адетокумбо постигна дури 50 поени забележувајќи и 14 скокови и 6 асистенции.

Дончиќ и Адетокумбо ќе се соочат еден против друг на 16 декември кога Бакс ќе ги нагостат Маверикс.

Коментирај