Адетокунбо се сретна со претседателката на Грција: И да не добиевме грчки пасоши, повторно тука ќе се враќавме

Ако некој некогаш ни кажеше дека со напорна работа, по осум години ќе бидеме тука, ќе седиме и ќе разговараме со првата жена претседател на Грција, ќе ви кажев дека ме лажете, рече грчкиот кошаркар и член на Милвоки Бакс, Јанис Адетокунбо, по приемот кај претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, јави дописничката на МИА од Атина.

Јанис, заедно со мајка му Вероника и брат му Алекс, кои добија грчко државјанство, претпладнево се сретнаа со грчката претседателка, а при излегувањето од Претседателската палата, во изјава за неколку медиуми, меѓу кои и МИА, популарниот Грик Фрик, очигледно длабоко трогнат, но во обид да остане смирен, накусо ја раскажа неговата приказна, но и приказната на неговите родители.

„Размислувам и се потсетувам како беше сите овие години. Бидејќи јас пораснав со родители од Нигерија, кои во Грција дојдоа во 1990 година. Живееја нелегално во Грција, се жртвуваа за нивните деца, нѐ запишаа во грчко училиште, нѐ израснаа овде. Нелегални беа овде, се плашеа да излезат надвор, нѐ научија на принципи, нѐ оставија да ја научиме грчката култура, рече Адетокунбо.

Додаде дека на средбата со Сакеларопулу, грчката претседателка сакала да ја чуе нивната приказна и истакна дека без разлика на документите и добиените пасоши, Грција, за семејството Адетокунбо секогаш ќе биде нивниот дом.

„Осум години подоцна, тогаш родителите ја гледаа нашата иднина. Ние не знаевме, бевме деца. Осум години подоцна, со посветеност и со напорна работа, овде сме, со првата жена претседател на Грција. Седевме, разговаравме. Сакаше да ја слушне нашата приказна, ни ја раскажа нејзината приказна. Вчера, кај премиерот и мајка ми и брат ми добија грчки пасоши. И да не ги добиеја, секогаш тука ќе се враќаме. Овде е нашата татковина“, истакна Јанис.

Со оглед на тоа дека семејството Адетокунбо задоцни на средбата со грчката претседателка, Јанис се извини за доцнењето, велејќи дека паралелно со тренинзите е и бебиситер со оглед на тоа дека неодамна му се роди и второто дете.

Сакеларопулу, нејзиниот пример како прва жена претседател и прототип за младите девојчиња, го спореди со примерот и придонесот на Јанис за децата.

„Како што велите за мене, дека како прва жена претседател сум прототип за младите девојчиња дека може да успеат, Вие сте голем прототип за младите, за малите деца. Децата уште од основно училиште ја имаат вашата фотографија во нивните соби, многу значи. Тоа е секако и товар, но е и многу важно. Ова мислам дека го добивте и како спортист, но и со вашето претставување и со вашиот морал. Секако, ова е нешто што доаѓа од семејството и го негува како што расте“, истакна Сакеларопулу.

Претседателската палата се наоѓа во строгиот центар на Атина, веднаш до Националната градина и е на мапата туристички атракции во грчката престолнина, па така во моментите кога семејството Адетокунбо пристигнуваше на средбата, но и при заминувањето, голем број туристи случајно се најдоа во близина, не можеа да поверуваат дека го гледаат Јанис во живо.

„Ова е лудо. Од Португалија сум и поминувавме низ паркот и го видов Јанис Адетокунбо. Многу го сакам, голем фан сум на НБА. Ова беше толку неочекувано“, рече за МИА турист од Португалија, кој заедно со неговата девојка случајно го видоа двократниот МВП.

Вчера, во Премиерската палата во Атина, во присуство на грчкиот премиер Кирјакос Мицоракис, мајката на Јанис, Вероника Адетокунбо, и Алекс, најмладиот од браќата Адетокунбо, добија грчко државјанство.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Кошарка

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Read more

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Read more

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Read more

Евролигата ригорозно го казни Теодосиќ: 15 илјади евра и 2 меча суспензија

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе