Административците кои немаа работни места ќе почнат да работат до крајот на јануари

Скопје, 22 јануари 2021 (МИА) – Заокружен е трансферот на административните службеници вработени преку програмата К-5 во Министерството за политички систем, така што 1.349-те службеници, претежно економисти и правници, но и кадар со средно образование, се распределуваат во 237 институции, органи на државната и локалната самоуправа и други државни органи.

Првиот вицепремиер и министер за политички систем во Владата Артан Груби на денешната прес-конфереција соопшти дека листата на лица кои не беа распределени на работни места е прочистена, дека се направени претходни проверки и веќе се доделени некои отказни решенија, а некои лица сами поднеле барање да им се раскине договорот.

Најголем дел од овие 1.349 лица се распределени во Агенцијата за вработување – 20, во Агенција за заштита на лични податоци -30, Агенција за храна и ветеринарство -10, Агенција за катастар -29, Влада – СОЗР -12, Дирекција за заштита и спасување -10, Државен архив -12, Државен завод за статистика -15, Државен инспекторат за труд -12, државно правобранителство -74, ЈП Државни патишта -10, Клиничка болница Тетово -25, Болница Куманово – девет, Меѓуопштински центар за социјална работа Гостивар осум, МВР – 143, Државен пазарен инспекторат – 35, МЖСПП пет, Министерство за земјоделство – 21, МИОА – 11, МНР – 26, МОН – 11, Управа за водење на матични книги – 41, Министерство за транспорт и врски – 10, во МФ – 25, во имотно – правни – 10, во УЈП – 92, во Царинска управа – 74, Основен суд Тетово – 10, ЈО Тетово – 10, ПИОМ – 13, ФЗО – 22, ЦУК – 24 и итн.

– Во овој план нема само Албанци, туку има и Македонци, Роми,Турци, Срби и Бошњаци, рече Груби.

Првиот вицепремиер е убеден до крајот на следната недела ќе завршат со потпишување на актите за упатување бидејќи бројката е голема и мора да се почитуваат протоколите за заштита од Ковид-19 и дека овие луѓе ќе започнат со работа до крајот на јануари.

Овие лица, како што појасни Груби, нема да имаат право веќе да бираат друго работно место, туку ова е единствената опција. Тие ќе треба да дојдат во Министерството, да го подигнат упатното решение што веќе е потпишано од негова страна и да започне процедурата за префлување во другата институција во која се распределни.

– Ако по кој било основ некој од нив не дојде да го земе решението во рок од седум дена тогаш на сите нив им се укинува работното место во Министерството за политички систем и се ставаат на трансфер листа во МИОА каде што веќе изборот не може да биде нивен, рече Груби.

Тогаш, појасни тој, МИОА ќе им нуди слободно место доколку има, а ако тоа се одбие им се укинува работниот договор.

– Ветивме дека ќе го решиме ова прашање за шест месеци, го решивме за четири месеци, рече Груби.

Трансферот на вработените од Министерството за политички систем, како што објасни тој, се врши преку систематизација на работното место на исто ниво за кое работникот ги исполнува општите и посебните услови утврдени со актот за систематизација на работните места во институцијата во која е пренесен.

– Врз основа на планот за распределба, институциите ја одобруваат одлуката за систематизација на вработените додека раководните лица во институциите се должни да започнат постапка за усогласување на актите за систематизација  на работните места во рок од 30 дена од одобрувањето на планот, рече Груби.

Министерството за финансии веќе дало целосна согласност за планот, додека МИОА е должно да даде согласност во рок од седум дена за промените во систематизацијата на институциите во кои се одвива трансферот на административните службеници. Органите на државната администрација во кои ќе бидат распределени административните службеници, се исто така должни да им овозможат стручна обука со цел да ги подобрат нивните знаења и вештини.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Read more

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Read more

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе