Airbus укинува 15.000 работни места

Европскиот производител на авиони Airbus планира да укине 15.000 работни места поради тешката финансиска состојба предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Повеќето работни места треба да се кратат во Франција и Германија, по 5.000 во секоја од нив, 1.700 во Обединетото Кралство, околу 900 во Шпанија, а остатокот во други земји.

Менаџментот на Airbus веќе почна разговори со синдикатите и очекува до есенва да постигне договор, а планот за намалување на 15.000 работни места треба да се спроведе до следното лето.

– Сакавме да избегнеме ваква ситуација, но Airbus се соочува со најголемата криза кога станува збор за авиоиндустријата, изјави вчера извршниот директор на Airbus, Гијом Фури.

Француското Министерство за економија се спротивстави на планот за намалување на 15.000 работни места, сметајќи дека е претерано.

Компанијата го заврши првиот квартал со загуба од 481 милион евра, а производството во Airbus најверојатно ќе се намали за 40 проценти во текот на следните две години поради пандемијата на коронавирусот. Исто така, Airbus очекува воздушниот сообраќај да се врати на старите параметри дури во 2023 година. Во Airbus се вработени 135.000 луѓе, а 90.000 од нив работат на производство на делови од авиони.

реклама

Ќерката на Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас порасна во убавица

Read more

Младите Уругвајци го освоија Светското првенство, Италија не шутна на гол

Read more

Тошковски најави награди за вработените во полиција ако помогнат во надминување на кризата со издавање на лични документи

Read more
Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Read more

Бизнис

Паднаа акциите на Netflix

Read more

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Read more

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Read more

Народна банка: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30 отсто

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе