Ајакс го стопи пехарот и деловите им ги подели на навивачите

Холадскиот шампион одлучи на необичен начин освојувањето на титулата да го прослави со своите навивачи.

Трофејот наменет за шампионот на Холандија за актуелнава сезона во Ајакс одлучија да го стопат и од него да направат 42 илјади мали шампионски ѕвездички.

Секој навивач кој има сезонска карта од денеска ќе добие по една ѕвездичка или „дел од Ајакс“, како што наведува клубот.

„Сезонава игравме без нашите навивачи, односно без тие да бидат на трибините. И покрај тоа ја чувствувавме нивната поддршка секоја недела, од влегувањето на стадион, преку социјалните мрежи и личните контакти. Кога претходно рековме дека 'оваа титула е и ваша' мислевме на навивачите, а делбата на трофејот е конкретен доказ дека сме сериозни во таа намера. По турбулентната година, сакаме сите наши навивачи да бидат среќни“, изјави директорот на Ајакс, легендарниот голман Едвин ван дер Сар.

URL

И капитенот на тимот, српскиот репрезенттаивец Душан Тадиќ, се огласи по повод ваквиот потег за освојувањето на 35-тата шампионска титула.

„Играњето пред празен стадион не може да се спореди со атмосферата на 'Амстердам АренА'. Навистина ни недостасуваа навивачите изминатава сезина на сите натпревари и затоа сакаме да им се оддолжиме преку овој гест“, рече Тадиќ.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Фудбал

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Read more

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Read more

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Read more
 

Спорт

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе

Испаѓањето на Сити донесе нов фаворит за освојување на ЛШ

Читај повеќе

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Читај повеќе

Судиите во Украина пред натпревар ќе одат на полиграф

Читај повеќе