Ајде да се фоткаме
Фотографите на див свет имаат една од највозбудливите професии. Работата ги носи ширум светот, каде се запознаваат со најразлични култури и народи, но најважно од сѐ, успеваат со камерата да „уловат“ неверојатни моменти во дивината, како и претставници на дивиот животински свет.
Понекогаш, нивните главни „клиенти“ им влегуваат во „канцеларија“ кога најмалку ги очекуваат.
Enlightened Mind состави прекрасна компилација со моменти кога животинките и птиците се здружиле со фотографите кои ги „ловат“ со камерата.