Ајфеловата кула повторно отворена за посетители
Едно од најпопуларните туристички знаменитости во светот, Ајфеловата кула во Париз, повторно е отворена за посета после тримесечен локдаун поради пандемијата со коронавирусот.
Посетителите беа пуштани само со маски на лицата, а мораа и да се дезинфицираат пред да се качат на платформите.
На почеток, кулата е отворена само до втората платформа и тоа без лифт, односно посетителите можат да ги користат единствено скалите.