Ахмети: Идејата за премиер Албанец потекнува уште пред 11 години

Скопје, 9 јули 2020 МИА) – Оваа идеја за прв премиер Албанец потекнува уште пред 11 години и во последните 3-4 месеци започнавме со консултии и разговари со потенцијалните кандидати, истакна претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети на вчерашната дебатна емисија во Клан Тв.

– Разговарав со речиси десет можни кандидати за премиер. Г-дин Зибери, на кого оваа идеја му изгледаше достапна, но и други кандидати со кои разговарав ја поддржаа оваа идеја, но од различни причини, не можеа да ги остават нивните агенди и не можеа да влезат оваа активност. Г-дин Зибери изрази подготвеност и досега успешно комуницира со јавноста и ја објаснува својата програма за тоа како ќе го води извршниот орган на оваа земја, рече Ахмети.

Тој истакна дека жали што неговите конкуренти, опоненти, не ја гледат, не ја студираат платформата на ДУИ и им порача внимателни да ја следат документацијата, историјата на партијата, бидејќи, како што рече, „во иднина може да се случи да паднат на минско поле, како што сега паднаа“.

– Жал ми е што тие не ги анализирале и проучувале нашите платформи, програми и цели што ги имавме уште пред 11 години: министер за одбрана, министер за внатрешни работи, спикер на Собранието, ако ги прашавте во тоа време, тие сигурно би рекле дека не се изводливи, но сега овие работи се реализирани, рече тој.

Во врска со изјавата на претседателот на СДСМ Зоран Заев дека е здраво за државата ДУИ да оди во опозиција, Ахмети рече дека ниту Заев, ниту Мицкоски, ниту кој било друг господин не одлучуваат што е здраво за земјата, додавајќи дека за здравјето на државата граѓаните ќе одлучуваат на 15 јули.

– Што се однесува до ДУИ, веројатно има многу очекувања, затоа што ДУИ е пречка за многу партии и тие можат да очекуваат такво нешто. Нивните очекувања ќе останат така како што се вели „Чекајќи го Годо“, дека тоа нема да се случи, затоа што да се однесе ДУИ таму каде што сакаат другите, сигурен сум дека гласачите на ДУИ нема да го дозволат тоа на 15 јули и ќе и дадат силна поддршка исто како што ја даваа во текот на две децении, така ќе ја дадат и за новата мисија и  новото историско поглавје: интегрирање на земјата во ЕУ што е можно поскоро и да ја видат оваа земја што е можно поскоро функционална со владеење на правото и еднакви граѓани, рече тој.

Во однос на коронавирусит, Ахмети потенцира дека граѓаните се безбедни и им порача да излезат да гласаат на 15 јули почитувајќи ги сите мерки препорачани од здравствените институции.

– Во однос на вирусот, ние сме многу внимателни, затоа што на прво место моравме да покажеме грижа за здравјето на граѓаните и доколку имало резервна доза за организирање на изборите, тоа е токму во оваа прашање. Додека не бевме убедени од надлежните органи и институции од областа на здравството дека ќе бидат преземени сите мерки за организирање избори и секој граѓанин ќе биде уверен дека нема да има никаква опасност на избирачките места, не сме дале зелено светло како ДУИ за организирање на избори. Затоа, ги уверувам сите граѓани дека здравствените институции ги презедоа сите мерки за заштита и грижа на здравјето на луѓето и сите граѓани безбедно да се упатат кон избирачките кутии, почитувајќи ги сите совети дадени од надлежните органи, рече Ахмети.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Read more

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Read more
 

Вести

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе