Ахмети: Предвремени избори не се решение, имаме многу поважни задачи

Мислам дека изборите не се решение за сегашната ситуација, бидејќи пред нас има многу поважни задачи, изјави денеска лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), во одговор на новинарско прашање во врска со барањето на ВМРО-ДПМНЕ за одржување предвремени парламентарни избори следната пролет.

– Треба да се реализира скринингот и да продолжат преговорите со Европската Унија. Во овој процес треба да има етничко и меѓуетничо единство, затоа што станува збор за иднината на државата, за иднината на генерациите. И сите треба да инвестираме во таа иднина, изјави Ахмети по денешната Свечена академија по повод Денот на албанското знаме – 28 Ноември.

Во врска со најавите за влез на Алијансата на Албанците во владината коалиција, Ахмети истакна дека целта на таквата идеја е обезбедување на „концентрација во европските интеграции“.

– Целата оваа тема нема врска со теснопартиските интереси. Ова се однесува на усогласување на политичкиот фактор за поголема концентрација во европските интеграции, изјави Ахмети.

Тој додаде дека премиерот Димитар Ковачевски е во преговори со в.д. претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари за ова прашање.

– Сè уште не зборувано за детали, најважно е што страните изразиле волја за еден процес кој бара унифицирање и бара координација, истакна Ахмети, додавајќи дека досега не се разговарало за евентуална прераспределба на министерските ресори во Владата.

Говорејќи за денешниот Ден на албанското знаме, Ахмети нагласи дека денеска е значаен ден за сите Албанци, односно дека станува збор за одбележување на значаен настан.

Тагови
реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе