Netflix објави импресивен прв тизер трејлер за новата серија „The Barbarians“ за крвавата Битка во Тевтобуршката шума.
Битката во Тевтобуршката шума се случила во 9 г. од н.е., кога повеќе германски племиња предводени од Арминиј уништиле три римски легии во заседа. Иако имало повеќе успешни напади од римската војска, три години по битката во Тевтобуршката Шума, Римјаните сè уште ја немале освоено таа територија.
Серијата ќе биде главно на германски јазик, а ја следи приказната на три млади личности чии судбини ќе бидат испреплетени.
Ако ја сакавте „Vikings“ тогаш ќе ја обожавате оваа серија, бидејќи е од истиот режисер - Стивен Сент Леџер - кој работеше заедно со Барбара Едер.
Главните улоги ги играат Давид Шутер (Charlie’s Angels), Лоренс Руп (Mission: Impossible – Rogue Nation) и Бернард Шуц (Sense8).
Серијата ќе биде достапна во Германија на 23 октомври.