Ако користите некоја од овие 20 лозинки, веднаш сменете ја

Досега веројатно веќе сте запознаени со вообичаените совети за лозинките што ги користите на интернет.

Препорачливо е да избегнувате броеви во низа, своето име и да ја користите истата лозинка за повеќе профили, но многумина сè уште ги игнорираат овие едноставни совети и се изненадени кога некој ќе им го хакира профилот.

Според извештајот на Verizon од 2017 година, околу 81 процент од пробиените лозинки се поврзани со слаба безбедност и јачина на лозинката, а со зголемувањето на обемот на работењето од дома, како и учењето преку интернет за време на пандемијата, ова е лоша навика што мора да ја победите, за безбедност на вашите податоци.

Од ID Agent, компанија за надзор на темната мрежа (dark web) во сопственост на IT софтверската компанија Kaseya, велат дека ги идентификувале лозинките што најчесто се пробиени и завршиле на продажба на темната мрежа во 2020 година врз основа на скенирање на скоро 3 милиони лозинки.

Педесет и девет проценти од Американците користат име или роденден на некоја личност во лозинките, додека 33% вклучуваат име на домашно милениче и 22% го користат сопственото име, соопшти компанијата. Просечниот корисник исто така одново ја употребил својата лоша лозинка 14 пати.

Ова се 20-те најчести лоши лозинки што треба да се избегнуваат по секоја цена:

123456

password

12345678

12341234

1asdasdasdasd

Qwerty123

Password1

123456789

Qwerty1

: 12345678secret

Abc123

111111

stratfor

lemonfish

sunshine

123123123

1234567890

Password123

123123

1234567

Некои од советите вклучуваат:
  • Избегнувајте употреба на имиња
  • Измешајте ги броевите за да не бидат во низа
  • Креирајте посебна лозинка за секој профил
  • Користете алатка за управување со лозинките (бидејќи никој не може да запомни сè, со оглед на бројот на профили што денеска ги имаме онлајн).
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Интернет

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Read more

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Read more

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more
 

Гик

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе
  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе