Тројца фудбалери на „Лисиците“ откажувањето на натпреварот против Норич го искористиле за во живо да следат натпревари од Светското првенство во пикадо.
Почетокот на новата 2022 година во Премиер лигата мина повеќе во зборување за она што се случува надвор од теренот, отколку на него. Ромнелу Лукаку ги освои насловните страници со неговото интервју за италијанските медиуми, па ја засени досетливоста на тројца играчи од Лестер кои најдоа одлична замена за откажаниот натпревар.
Синоќа Лестер и Норич не го одиграа својот натпревар од 21. коло откако поради 14 заразени кај „Канаринците“ со коронавирусот, од кои дел со омикрон варијантата, кој Премиер лигата одличи да го одложи.
Развојот на настаните одлично си го искористи трио играчи на Лестер кои времето за натпревар си го исполни на забавен начин. Џејмс Медисон, Харви Барнс и Ханза Чудури заминале за Лондон за да гледаат натпревари од Светското првенство во пикадо, доста популарен спорт на Островот, каде моментално се одржува и собирот на светската пикадо елита.
Триото заминале уште на првиот ден од Новата година, бидејќи натпреварот беше со време одложен, а Медисон за убавиот помин се пофали и со фотка на социјалните мрежи.
Наредниот натпревар на Лестер е на 8 јануари во ФА купот против Вотфорд, а потоа на 11-ти има лигашко гостување кај Евертон.