Ако помине, новата функција е најлошото нешто што Instagram досега го смислил

Instagram тестира функција која нема да ви дозволи да прескокнувате реклами.

Instagram почна да тестира функција која за кратко време привлече многу негативни реакции. Наречена Ad Break, новата функција ги принудува корисниците да гледаат реклама пред да продолжат да се движат низ објавите.

Популарната социјална мрежа, која Facebook ја купи во 2012 година за милијарда долари, веќе нуди голем број реклами во својата апликација кои можат да се видат меѓу редовните објави, Reels и Stories, но тие се релативно ненаметливи и секој може да ги прескокне. Сепак, Ad Break е нешто сосема друго, но и нешто што секој корисник на YouTube кој не сака да плати за Premium претплата е многу запознаен.

Бидејќи моментално е само тест, не сите корисници можат да гледаат реклами што не можат да се прескокнат. Матичната компанија Meta не се огласи за тоа, па сè уште не знаеме колкав процент од луѓето ги гледаат овие огласи. Сепак, потценување е да се каже дека реакциите на засегнатите корисници не се позитивни, а голем дел од нив се закануваат дека ќе ја напуштат платформата доколку ова остане на сила.

„Ова ќе биде капка која ќе ја прелиа чашата кога станува збор за Instagram. Можам да се справам со многуте реклами што веќе се расфрлани низ апликацијата, но реклами што не можам да ги прескокнам? Изгубете се“, вели на Reddit еден незадоволен корисник, а друг додаде: Meta има врвни UX дизајнери, дали воопшто направиле некакво истражување пред да го објават ова во јавноста? Целосно го нарушува корисничкото искуство“.

Ниту корисниците на социјалната мрежа X не ја примија подобро веста за новата функција, па многумина изразија намера да се префрлат на TikTok, а во најдобар случај драстично да го намалат времето поминато во апликацијата Instagram.

Тагови
реклама

Побиена теоријата за потеклото на водата на Земјата

Read more

Драстичен пад на продажбата на нови автомобили во Русија

Read more

Грците одбиваат да прифатат бегалци депортирани од Германија

Read more

Вештачката интелигенција лаже за тоа како размислува

Read more

Софтвер

OpenAI е подготвен да го купи Chrome од Google

Read more

Сте се запрашале колку чини нашата благодарност кон четботовите?

Read more

OpenAI ги напаѓа Маск и Закерберг: Доаѓа ChatGPT социјална мрежа!?

Read more

Новите GPT-4.1 модели на вештачка интелигенција се фокусираат на програмирање

Read more
 

Гик

Вештачката интелигенција лаже за тоа како размислува

Читај повеќе

Побиена теоријата за потеклото на водата на Земјата

Читај повеќе

Google Earth од XV век: Приказна за монахот кој го мапирал светот

Читај повеќе

Razer го претстави својот прв вертикален глушец

Читај повеќе

Кина размислува за изградба на нуклеарен центар на Месечината

Читај повеќе

Strava сега може да го предвиди финишот на трката

Читај повеќе
  • filter

OnePlus го претстави паметниот телефон 13T

Читај повеќе
  • filter

Вселенскиот телескоп Hubble го слави 35-тиот роденден

Читај повеќе

Данска гради тунел до Германија како од Lego коцки

Читај повеќе