Активни 11.106 случаи на ковид, најмногу во Скопје, Тетово и Гостивар

Скопје и Тетово се со најголем број новозаразени од COVID-19, но кривата која минатите недели беше во раст веќе се исправа, а паралелно се зголемува бројот на оздравени и вакцинирани граѓани.

Последните дневни податоци регистрираа 882 нови случаи на COVID-19, од вкупно направени 6.591 тестирање, а починати се 14 лица, на возраст од 49 до 84 години.

Од почетокот на епидемијата, во земјава се дијагностицирани 168.872 ковид-позитивни, оздравени се 152.098, а починаа 5.668 лица. Бројот на активни случаи изнесува 11.106, од кои речиси две третини се во три града – Скопје 3.693, Тетово 1.855 и Гостивар 1.513.

Според статистиката на МЗ, во моментов нема град во земјава без активни случаи на COVID-19.

Денеска продолжува вакцинацијата во здравствените домови. Министерот за здравство Венко Филипче викендот најави дека поради зголемениот интерес за вакцинирање, од среда или четврток оваа недела повторно ќе биде отворен пунктот во спортскиот центар „Борис Трајковски“, но во малата сала.

Според него, процесот на имунизација се одвива добро на сите пунктови и досега има над 650 илјади граѓани кои примиле барем една доза вакцина, а бројот на ревакцинирани достигна половина милион.

-Повторно ќе се отвори  „Борис Трајковски“, за што дел од вработените од Здравствен дом кои беа на годишни одмори ги прекинаа за да ја стават во функција. Тоа ќе биде малата сала, не големата, и ќе има 20-ина места каде што ќе може да се спроведе вакцинација. Верувам дека тоа ќе ги растовари метежите и редиците што ги имаме пред здравствените домови, изјави Филипче.

Апелираше граѓаните да се вакцинираат, има од сите типови и во доволно количини, посочувајќи дека нема наплив во болниците во градовите каде  што е висок процентот и интересот за вакцинирање.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Read more

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more

Викендов променливо облачно со локален дожд

Read more
 

Вести

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе