Активни 15.116 случаи на заразени со COVID-19, засега нема полициски час

Здравствените власти уверуваат дека има доволно слободни болнички кревети за пациенти заразени со COVID-19 и оти за секој од нив се прави сè што е потребно. Сметаат дека засега нема потреба од карантини и воведување полициски час и очекуваат да има резултати од воведените мерки. Заклучно со синоќешната статистика на Министерството за здравство, во државава се активни 15.116 случаи на заразени со вирусот, а вчера беа регистрирани 947 случаи.

– Во сите болници во државата, освен во Струмица и во Куманово, има слободни болнички кревети. Станува збор не само за инфективните, туку и за интерните одделенија кои сега се целосно наменети за третман на ковид пациенти со соодветен распоред на лекари, изјави вчера министерот Венко Филипче, при посетата на вакциналниот пункт во поликлиниката Јане Сандански.

Според  Филипче, на интерните клиники има доволно слободни кревети, пристап до кислород и сè што е потребно за лекување на пациентите.

– За периодот којшто доаѓа имаме план за сместување на пациенти и во други интерни клиники и план за распоред на стручниот кадар, односно лекари, интернести и медицински сестри кои ќе работат со ковид пациенти. Во овој момент сè уште нема потреба да се менува системот на закажување Мој термин, рече Филипче.

На интерните клиники, како што посочи, направени се тимови во кои секогаш има и пулмолози кои помагаат во третманот и давањето соодветна терапија за пациентите. До матичните лекари има препорака како се третираат пациентите, односно кои може да се третираат во домашни услови, а кои мора да се хоспитализираат.

Според министерот за здравство, секоја форма на болеста COVID-19 има соодветна препорака и оти матичните лекари добро знаат кои пациенти треба да се третираат дома, а која е индикацијата за едно болно лице да се смести во болничка установа.

– Смртноста насекаде е голема. Огромен број на смртни случаи во соседните земјите од регионот. И тоа што можам да го кажам е дека, апсолутно, за секој пациент се прави сè што треба, нагласи министерот Филипче, посочувајќи дека болничките капацитети сè уште не се пополнети и оти има место на клиниките за болни од COVID-19.

Според Филипче, засега нема потреба од воведување полициски час, рестриктивните мерки што се досега донесени се доволни, и ако се почитуваат ќе дадат резулат во следниот период.

Повторно апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките, особено забраната за групирање на јавен простор која со завчерашната одлука на Владата е продолжена во текот на целиот ден, наместо како досега од 21 часот.

– Целта на целосната забрана за групирање е токму да се спречи собирањето во парковите по 21 часот кога затвораат кафулињата и другите угостителски објекти, што носи ризик за ширење на COVID-19, истакна министерот за здравство.

Во однос на забелешките од матичните лекари за алгоритмите за тестирање, Филипче рече дека тие се препорачани од Светската здравствена органзизација и оти тоа не е нешто што може да се менува на нечие барање.

– Во препораките јасно стои дека брзите тестови даваат резултати доколку се направат во првите пет дена од појавата на симптомите, подвлече Филипче.

Како што потенцираше, за тестирањето со  брзите тестови во поликлиниките Јане Сандански, Ѓорче Петров, Чаир, Ченто, Бит Пазар и Млин Балкан, има соодветен систем за закажување преку матични лекари. Дневно се прават од 300 до 500 брзи тестови според динамиката на тестирање и распоред кој го прави Здравствениот дом. Брзите тестови, појасни, се распределени во сите болнички установи каде се примаат пациенти и се прави план да бидат дистрибуирани и во други центри за јавно здравје ширум државата.

Министерот за здравство очекува дека во јануари или февруари ќе имаме вакцина против COVID-19 согласно сегашната динамика на одвивање на работите. И втората компанија после AstraZeneca и компанијата Phizer  аплицирала да добие дозвола за употреба во Европската агенција за лекови. Вообичаено тоа е процедура која трае неколку месеци и кога ќе завршат сите клинички фази на испитувањето почнува административата процедура.

– Верувам дека ќе дадат одобрување по таа т.н.ургентна постапка и дека некаде до Нова година, такви се очекувањата, ќе добие дозвола и двете вакцини да бидат дистрибуирани. Ние ги очекуваме преку Ковакс механизмот, од чиј дел се овие две компании. Како ќе ја добијат дозволата за употреба таму ги даваат дозите и тие еднакво се распределуваат на сите земји кои учествуваат во него. Секоја следна компанија која влегува во тој механизам ги дава на располагање своите дози на вакцини. Ние го потпишавме договорот, Владата даде согласнот, обезбеден е буџет, така што ги очекуваме вакцините преку Ковакс механизмот, рече Филипче.

Потенцира дека имаат и две други понуди, една од Полска преку полскиот амбасадор и друга преку грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој на последната средбата со премиерот Зоран Заев на Самитот во Солун покажал добра волја и можност државава да биде дел и од нивната количина набавка, која како земја-членка на ЕУ е обезбедена со директен договор со компанијата AstraZeneca.

Министерството за здравство вчеравечер информираше дека во деноноќието 9/10  ноември се направени 3042 тестирања,  при што се регистрирани се 947 нови случаи на COVID-19, оздравени се 691 пациент, а починале 30.

Од новорегистрираните, најмногу се во Скопје-530, по што следи Тетово со 54, Битола и Охрид со по 43, Прилеп 38, Куманово-30, Гостивар и Кичево по 25, Струмица 23, Велес-22, Струга-18, Штип-15, Кавадарци-8, Гевгелија-3,  Крива Паланка-4, Радовиш-7, Крушево-2, Кочани, Дебар и Неготино по три,  Пробиштип, Свети Николе и Ресен со по осум, Македонски Брод и Делчево по пет, Демир Хисар и Кратово со четири, Неготино и Гевгелија по три, Берово и Валандово по два, Виница и Пехчево по еден.

На Инфективната клиника вкупно се хоспитализирани 161 пациент, од кои на кислородна поддршка се 132. Во болницата во Козле хоспитализирани се 11 деца и 29 возрасни пациенти позитивни на COVID-19. Во ГОБ „8 Септември“, пак, вкупно се хоспитализирани 79 пациенти,а на респиратор се шест, во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 54 пациенти, на Клиниката за неврологија 20, на кожната клиника 18. Во болницата во Битола се хоспитализирани 75, а во болницата во Штип 57 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 508 позитивни и сомнителни на COVID-19.

Од почетокот на епидемијата во државава се дијагностицирани 41.222 заразени, а починати се 1.186 лица

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе