Активни 20.711 случаи, во болниците има уште слободни кревети

Вкупно 20.711 активни случаи на COVID-19 се регистрирани во земјава, од кои речиси половината 9.985 се во Скопје, а во болниците се лекуваат 1.290 пациенти. И покрај растот на бројот на инфицираните, сепак, болниците располагаат со слободни кревети. За да се овозможат дополнителни простории за лекување на заболените, од понеделник на располагање ќе бидат ставени и дел од капацитетите и медицински екипи и од приватните болници.

Во претходното деноноќие се евидентирани 1.039 нови случаи на COVID-19 од направени 3.143 тестирања. Има 998 оздравени пациенти, а починаа 15 лица. 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 56.164. Оздравени се 33.892 лица, а битката со кронавирусот ја загубија 1561.

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 16 до 22 ноември регистрирани сe 7.486 позитивни случаи во 35 градови во државата. Заболени има во сите возрасни групи. Најзастапени се лицата над 60 години. Најмал број е регистриран кај децата до девет години, и од 10 до 19 години.

Надлежните уверуваат дека и покрај големиот наплив на пациенти, тие се во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

– Во болницата во Битола се хоспитализирани 70 пациенти позитивни и суспектни на COVID-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 46 пациенти, во Велес се лекуваат 65 болни, а во Куманово 118 пациенти позитивни и суспектни на COVID-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 111 пациенти, во Прилеп 104, во ковид центарот во Гостивар 49, а во Струга 32 болни, известија од Министерството.

Во болницата во Струмица лежат 72 пациенти, во Кочани 20, во Кичево 18, Кавадарци 44, а во Гевгелија девет лица позитивни на коронавирусот. Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Што се однесува до ковид центрите во главниот град, таму во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 48 пациенти поради компликации со коронавирусот. Вкупно се лекуваат 476 пациенти.

Исто така, со цел обезбедување повеќе простории за лекување на пациенти заболени од COVID-19, во тек е пренамена и прилагодување во ковид-центар на објектот на поранешната гинеколошка болница „Мала Богородица“ на „Аџибадем Систина“.

Со ковид-центарот ќе менаџира Министерството за здравство, односно државата, кои ќе одлучуваат кои пациенти ќе се третираат тука и каква терапија ќе добиваат.

Ќе се третираат и хоспитализираат пред сè пациенти со полесна и умерена клиничка слика, додека пациентите со потешки компликации ќе се третираат во ГОБ „8 Септември“.

Капацитетот на објектот e 100 болнички легла. Дел од опремата и кадарот ќе бидат покриени од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и Клиниката „Жан Митрев“ согласно договорите со Фондот за здравствено осигурување.

Пациентите кои ќе се третираат во објектот ќе добијат услуги на исто ниво како што добиваат и пациентите во овие две приватни здравствени установи.

Цената за лекувањето која државата ќе им ја исплаќа на приватните болници за оваа намена, според утврдениот ценовник од Фондот за здравствено осигурување изнесува 100 евра од ден по пациент, додека трошоците за тоа се доста поголеми.

Во овој ковид-центар ќе работат пет доктори, 30 медицински сестри, осум болничари и друг медицински персонал, осум лица за обезбедување, шест лица администрација и 12 лица болнички персонал. Најмногу кадар ќе обезбедат „Аџибадем Систина“ и Клиниката „Жан Митрев“ зависно од тоа колку средства добиваат согласно договорите склучени со Фондот за здравствено осигурување, а двајца доктори ќе назначи Министерството за здравство.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Read more

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Read more

Пендаровски победи во 3 општини, а Таварари и Димитриевски само кадешто се градоначалници

Read more
 

Вести

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе