Активни 413 случаи со COVID-19, вакцинирани 265.164 граѓани

Активни со COVID-19 се 413 случаи во државава, од кои 158 се во Скопје. На инфективните одделенија се лекуваат 90 пациенти со COVID-19 од кои 26 во Скопје, а 64 во ковид-центрите во другите градови.

Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, од направени 3.529 тестирања, регистрирани се 10 нови случаи со COVID-19, 18 оздравени пациенти и нема починати.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 155.593, бројот на оздравени пациенти е 149.708, а на починати е 5.472.

Министерството за здравство соопшти дека завчера биле аплицирани 4.299 вакцини. Досега се вакцинирани вкупно 265.164 лица, а за вакцинација се пријавиле 453.180 граѓани.

– Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 453.180 граѓани, посочија од Министерството за здравство.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со завчера вакцинирани се вкупно 265.164 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.036 граѓани, а во текот на вчерашниот ден вкупно се вакцинирале 4.299 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 462.415 дози вакцини, а ревакцинирани се 197.251 граѓани.

Со последните бројки барем една доза вакцина имаат примено 48 отсто од населението над 70 години, 42 проценти од оние над 65 години и 36 отсто од граѓаните над 60-годишна возраст.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Од канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) во Африка вчера предупредија дека третиот бран на инфекција со COVID-19 се „интензивира и забрзува“ на тој континент со разни соеви и повикаа на поголемо снабдување со вакцини.

– Бројот на случаи на инфекција „расте 22 проценти неделно“ на целиот континент, нагласи на виртуелна прес-конференција д-р Махидисо Моети, директор на СЗО за Африка.

Таа повика на зголемување на испораката на вакцини. – На Африка ѝ се потребни дози тука и сега за да се запре третиот бран, рече Моети.

СЗО соопшти дека досега се целосно вакцинирани речиси 12 милиони луѓе, но дека тоа претставува помалку од еден процент од населението на континентот. 

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Македонија

Левица го објави својот предизборен спот

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Овие избори се последна шанса за Македонија

Read more

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Read more

Дел од неколку скопски населби без струја

Read more
 

Вести

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Читај повеќе

Кучиња скитници искасаа три лица во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица го објави својот предизборен спот

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Овие избори се последна шанса за Македонија

Читај повеќе

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Читај повеќе

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Читај повеќе

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Читај повеќе

Маж фрли бомба врз Сатанскиот храм во САД

Читај повеќе

Дел од неколку скопски населби без струја

Читај повеќе