Актуелниот шампион на НБА убедлив против Лејкерс

Актуелниот шампион Торонто го совлада тимот на Лос Анџелес Лејкерс со 107:92 во нивниот прв натпревар од рестартирањето на регуларната сезона во НБА во Орландо.

Репторс покажаа речиси совршена одбрана и ги задржаа лидерите на „езерџиите“ Ентони Дејвис и Леброн Џејмс на вкупно 34 поени, а херој на вечерта беше Кајл Лори, кој забележа 33 поени, 14 скокови и 6 асистенции за 11. последователна победа на „диносаурусите“ над Лејкерс. Леброн досега не вкусил успех против овој противник, откако игра за Лејкерс.

Покрај Лори, одличен натпревар за Репторс имаше и О Џеј Ануноби, кој забележа 23 поени при 8/9 прецизен шут од поле. Паскал Сикам додаде 15 поени и 7 скокови, иако немаше ден, шутираше само 5/17, а Фред ВанФлит додаде 13 поени и 11 асистенции за успехот на Торонто.

Кошаркарите на лидерот во Западната конференција Лејкерс не успеаја да се справат со одличната одбрана на својот противник, запишувајќи само 35,4 проценти успешен шут од игра, што е нивно најслабо достигнување во сезоната. Леброн Џејмс заврши со 20 поени, 10 скокови и 5 асистенции, Кајл Кузма додаде од 16 поени од клупата,

Ентони Дејвис постигна 14 поени, но беше задржан од само 2 успешни удари од теренот, а Дион Вотерс и Алекс Карузо додадоа 12 и 11 поени соодветно.

Резултати од НБА:

Денвер – Мајами – 105: 125
Оклахома – Јута – 110: 94
ЛА Клиперс – Њу Орлеанс – 126: 103
Индијана – Филаделфија – 127: 121
Торонто – Л.А. Лејкерс – 107: 92.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Кошарка

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Read more

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Read more

Вајт прв во историјата на Чикаго го повтори подвигот на Џордан, Филаделфија во плеј-офот

Read more

Џонтeј Портер доживотно суспендиран од НБА

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Читај повеќе

Пиоли ќе добие отказ, постои список со 5 имиња за негов наследник

Читај повеќе

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе