Ал Пачино ќе се придружи на клубот стари татковци

Ал Пачино на 82 години ќе стане член на клубот стари татковци, пишуваат таблоидите, по веста дека неговата девојка Нор Алфала (29) е во осмиот месец од бременоста.

Оскаровецот и младата продуцентка го очекуваат своето прво заедничко дете, потврди претставникот на актерот за TMZ.

Пачино и Алфала се во врска од април 2022 година. Тие беа видени минатиот месец во луксузниот ресторан „Балди“ во Лос Анџелес.

Главниот лик на Scarface е татко на три деца со две жени: близнаците Оливија Пачино и Антон Џејмс Пачино (22) од бракот со Беверли Ди Анџело и, Џули Пачино (33) од бракот со Џен Терант.

Веста за бременоста доаѓа истиот месец кога неговиот долгогодишниот колега Роберт де Ниро (79) го дочека седмото дете со девојката Тифани Чен. Токму затоа, и Пачино се најде на насловните страници со веста дека ќе стане татко.

Холивудските легенди глумеа заедно во неколку филмови, меѓу кои The Irishman (2019), Heat (1995) и The Godfather 2 (1974).

Алфала претходно беше во романса со иконата на „Ролинг стоунс“ Мик Џегер и милијардерот Николас Бергруен.

„Разликата во години не е проблем за Алфала,“ изјави извор за Page Six во април 2022 година, додавајќи дека кувајтско-американската продуцентка најчесто излегува со многу богати постари мажи.

„Таа е во друштво со богати луѓе од џет-сетот и доаѓа од семејство со пари“.

Алфала е родена во Беверли Хилс, ја посетувала школата за театар, филм и телевизија UCLA, а подоцна продолжува со кариерата како продуцент.

Тагови
реклама

Се гради највисоката кула во светот, ќе биде висока 1.000 метри

Read more

Експертите предупредуваат на „тивкиот убиец“ без симптоми

Read more

Што се добива кога ќе завариш две Југо коли во една?

Read more

Неделен хороскоп од 25 септември до 1 октомври

Read more

Филм & ТВ

Фановите на Rotten Tomatoes ги избраа најдобрите филмови во последните 25 години

Read more

Времеплов: Пред 29 години се емитуваше првата епизода од култните Friends

Read more

Како изгледаше Бетмен низ годините?

Read more

Излезе трејлерот за претстојниот документарец за Бекам

Read more
 

Сцена

Фановите на Rotten Tomatoes ги избраа најдобрите филмови во последните 25 години

Читај повеќе

Која е жената што Шакира ја спомнува во новата песна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Времеплов: Пред 29 години се емитуваше првата епизода од култните Friends

Читај повеќе
  • play_arrow

Нова песна на Шакира и нова прозивка - овој пат на сметка на свекорот: Сѐ уште не стапнал в гроб

Читај повеќе

Како изгледаше Бетмен низ годините?

Читај повеќе
  • play_arrow

Излезе трејлерот за претстојниот документарец за Бекам

Читај повеќе
  • play_arrow

Искрен трејлер за Barbie

Читај повеќе
  • play_arrow

Гледачите на Netflix се навлечени на новата крими серија

Читај повеќе
  • play_arrow

Николас Кејџ е речиси непрепознатлив во трејлерот за новиот вестерн

Читај повеќе