Албанија од 1 јуни ги отвора копнените граници со соседите и хотелските плажи

Албанија од 1 јуни ги отвора копнените граници со соседите, како и хотелските плажи, додека на плажите на целото крајбрежје туристи ќе може да престојуваат од 10 јуни.

Веста ја соопшти албанскиот премиер Еди Рама во рамки на олеснувањето на мерките против ширењето на пандемијата на COVID-19.

– Подготвени сме да ги отвориме копнените граници, но мора да добиеме одобрение од земјите со кои имаме директни врски за воздушен сообраќај. Ако не се согласиме, тие нема да бидат отворени. Шенген е затворен до 15 јуни и летовите меѓу државите во моментот се прекинати. Вирусот не замина, тој е меѓу нас. И опасноста од нов бран е реална. Почнувајќи од понеделник, 1 јуни, ќе ги отвориме копнените граници со соседите, Косово, Северна Македонија и Црна Гора, но граѓаните ги повикуваме да бидат  внимателни, истакна Рама.

Според него, од истиот датум се отвораат и хотелските плажи, додека од 10 јуни туристите ќе може да престојуваат на која било плажа од албанското крајбрежје. Се разбира, додаде тој, според посебни правила и зголемена контрола.

Албанија во просек годишно ја посетуваат околу пет милиони туристи, вклучувајќи ги и албанските мигранти кои летниот одмор го минуваат во татковината. Од странските најбројни се косовските и македонските туристи.

Исто така, премиерот Рама нагласи дека изминатиот ќе биде последен викенд на ограничувања во движењето на граѓаните на целата територија на земјата, но „викендот без автомобили ќе остане во сила и за следните две саботи и недели“.

Тој најави дека по завршување на летната туристичка сезона ќе се воведе недела без автомобили, што подразбира дека во недела, сè до крајот на март следната година, ќе има забрана за движење со автомобили. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Регион

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Read more

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе