Албанскиот Парламент гласаше против усвојување резолуција за признавање на геноцидот во Сребреница

Парламентот на Албанија одби да усвои резолуција за признавање на геноцидот во Сребреница. Вкупно 51 парламентарец гласаа против резолуцијата, а само 15 „за“.

– Албанија никогаш немала антиалбанец како (премиерот) Еди Рама. Ја згазивте крвта на 8.000 невини бошњачки мажи и деца. Гласавте да ги згазите животите на 100.000 косовски Албанци, оцени поранешниот премиер  Сали Бериша.

Тој, исто така го обвини дека е роб на српскиот претседател Александар Вучиќ и дека пратениците од владејачката партија гласале по негова наредба.

Пратеникот Тритан Шеху рече дека ова е горчлив и грд ден за албанскиот Парламент, пренесува сараевскиот портал Klix.

– Ние сме единствениот Парламент што нема формален документ со кој се осудува геноцидот. Ова е ден кој остава тежок белег на демократскиот свет. Пред неколку дена овие господа гласаа против резолуцијата со која се осудува рускиот геноцид во Украина. Денеска не ја прифатија резолуцијата за осуда на српскиот геноцид во Босна, утре нема да прифатат осуда на српскиот геноцид на Косово. Зошто? Тоа се врски, обврски, Вучиќ е над тоа, рече Шеху.

реклама

Како изгледа балканско семејство на плажа?

Read more

Шест љубовни парови создадени еден за друг

Read more

Како да ја оживеете намалената желба за секс?

Read more

25 јуни 1876, Индијанците ја поразиле американската војска кај Литл Бигхорн

Read more

Регион

Лидерите на ЕУ се согласија Хрватска да се приклучи на еврозоната

Read more

Српските медиуми со критики по самитот ЕУ-Западен Балкан

Read more

Кои бугарски партии се „за“ прифаќање на францускиот предлог?

Read more

Бугарскиот парламент ќе расправа за францускиот предлог

Read more
 

Вести

Конашенков: За 24 часа елиминирани повеќе од 780 украински војници

Читај повеќе

Ресенчанец се обидел да прегази комунални инспектори и полицаец во Прилеп

Читај повеќе

Протести ширум САД поради одлуката на Врховниот суд за абортусот

Читај повеќе

Џозеф: Бугарското малтретирање на Северна Македонија е веќе и проблем на НАТО

Читај повеќе

За излез на Богородица и Дојран и за влез на Табановце се чека околу половина час

Читај повеќе

ЕСМ понуди 48 евра за мегаватчас производствена електрична енергија

Читај повеќе

Куќа изгоре во пожар во тетовска Шипковица

Читај повеќе

Украина нареди повлекување на своите војници од Северодонецк

Читај повеќе
  • play_arrow

Двајца загинати и 19 повредени во пукање во ноќен клуб во Осло

Читај повеќе