Албанскиот политиколог Ѓета го критикуваше францускиот предлог

Клинец во процесот на проширување. Вака познатиот албански политиколог Алтин Ѓета го гледа францускиот предлог за решавање на спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија.

– Целта на Бугарија е да го направи пакетот дел од преговарачката рамка на ЕУ со Северна Македонија. Би било проблематично, за прв пат билатерален проблем меѓу две држави да се вклучи во преговарачката рамка на целата Унија. Тоа ризикува да го направи преговарачкиот процес на Северна Македонија со ЕУ во бесконечен процес. Овој пакет, дури и да биде одобрен од Македонија, ќе остане неспроведлив, како што се случи со Заедницата на српските општини на северот на Косово. На францускиот предлог повеќе гледам како на клинец (шајка) во процесот на проширување на ЕУ во Западен Балкан отколку како решение на проблемот, оценува тој во скајп интервју за Ora News.

Според него, третманот на Албанија во пакет со Северна Македонија за интеграција станал проблематичен, но, разделувањето го смета за тешко.

– Ова е спој кој стана проблематичен. Северна Македонија е блокирана од Бугарија, а следствено и Албанија е блокирана. Има простор да се разговара за идејата за одвојување на двете земји доколку проблемот остане, но, тоа е тежок процес. Одвојувањето на двете земји ќе го наруши кредибилитетот на ЕУ и процесот на проширување. Унијата тешко е да го прифати тоа и си пука во нога, посочува Ѓета.

Додава дека со ова темпо, на Албанија ќе ѝ требаат уште најмалку 20 години за да стане полноправна членка на ЕУ.

Претходно еден од најпознатите експерти од областа на безбедноста во Албанија, Илир Кула, излезе со оценка дека ова што се случува со Северна Македонија е потсмев (мајтапење) и оти е неправда која не ја заслужува.

Говорејќи за бугарското вето, што го условува отворањето на преговорите со Северна Македонија и следствено со Албанија, Кула рече дека „секој поставува услови за Северна Македонија, без оглед на правата на граѓаните што живеат таму“.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

ЕУ смета дека Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега

Читај повеќе

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Читај повеќе