УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2021/22

Алегри: Виљареал се бранеше со 11-мина, не ни одеше на победа

Италијанскиот гигант синоќа беше понижен и елиминиран од Лигата на шампионите губејќи со убедливи 0:3 од Виљареал среде Торино.

Откако првиот натпревар во Шпанија заврши 1:1 сите го видоа Јувентус како поминува во четвртфиналето со победа на домашен терен. Но, се случи спротивното. Прво во 78. минута штотуку влезениот Жерард Морено реализираше пенал носејќи предност за „Жолтата подморница“. Седум минути подоцна нов шок за Јуве откако Пау Торес погоди за 0:2, гол кој веќе им стави дознаење на навивачите на Јуве дека тука е крајот. Да биде резултатот уште попонижувачки за домашните се погрижи Арно Груневелд во судиското надполнување, вторпат од белата точка.

Но, за стратегот на „Старата дама“ тоа не е неуспех. Тој застана во одбрана на својот тим и покрај високиот пораз.

„Тимот играше добро 75 минути. Во второто полувреме Виљареал само се бранеше, со 9 играчи стоеја зад линијата на топката, не се обидуваа ниту да тргнат во контранапад. Имаа една шанса и ја искористија. Таков е фудбалот - една епизода може сѐ да промени“, рече Масимилиано Алегри во изјава за новинари.

„Имавме добри шанси во првото полувреме, помалку во второто бидејќи Виљареал почна да се брани со 11 играчи, јасно обидувајќи се да го однесе натпреварот во продолженија. Тој гол промени сѐ“.

„Има 10 тимови во Европа кои се на подобро ниво од Јувентус. Тоа не е срамота, тоа е реалност. Не е фер да кажеме дека ова е неуспех. Разочарани сме, но не можам за ништо да им замерам на играчите. Ја знам вредноста на тимот. Јас секогаш стојам цврсто на земја и го вреднувам она со коео располагам“.

Со испаѓањето на Јувентус, а бидејќи претходно во истава фаза испадна и Интер (од Ливерпул), нема повеќе италијански тимови во Лигата на шампиони.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Фудбал

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе