Алек Болдвин во прво интервју по убиството: Не го повлеков чкрапалото

Алек Болдвин тврди дека не го повлекол чкрапалото на пиштолот со којшто беше убиена снимателката Халина Хачинс.

Ова се наведува во делови од неговото прво интервју по несреќното убиство, снимено на 21 октомври во Ново Мексико, САД.

– Видете, чкрапалото не беше повлечено. Не го повлеков, изјави актерот во интервју со Џорџ Стефанопулос од ABC.

– Значи, никогаш не сте го повлекле чкрапалото?, праша Стефанопулос. – Од каде „жив куршумот“ во пиштолот?

– Не, не и не. Никогаш не би вперил пиштол кон некого и не би го повлекол чкрапалото. Никогаш!, одговори Болдвин.

Тој додаде дека не му е јасно како се појавил куршумот на снимањето на филмот Rust на ранч во близина на Санта Фе. Снимателката Халина Хачинс беше убиена на снимањето на тој филм, а режисерот Џоел Суза беше ранет, откако, според очевидци, Болдвин пукал од пиштолот.

Засега против него не е покренато обвинение.

Двајца членови на тимот покренаа граѓанска тужба поврзана со несреќата, а продуцентот и некои други лица се товарат за невнимание.

Според филмското сценарио, од него не било барано да пука во таа сцена. Сценаристката Мами Мичел, која повикала полиција по трагичниот настан, во тужбата тврди дека Болдвин, пукајќи од пиштол во насока на Хачинс, постапил непромислено и ги прекршил или занемарил безбедносните протоколи за муниција и оружје на сетот. Таа смета дека самиот Болдвин требало да провери дали има муниција во пиштолот и оти не требало да ја зема здраво за готово изјавата на помошникот-режисер дека оружјето е безбедно.

Ако не пукал Болдвин, тогаш се поставува прашањето кој пукал?

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Филм & ТВ

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more
 

Сцена

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе