Алекс Консани e првата трансродова жена крунисана за Модел на годината

Американскиот модел Алекс Консани стана првата трансродова жена која ја освои титулата Модел на годината на Британските модни награди што се одржаа во Лондон.

21-годишната манекенка е препознатлива по карактеристичната бела коса и веѓи, а претходно се појавуваше на модните писти за брендови како Chanel, Stella McCartney и Victoria's Secret.

Во својот говор, Консани пред присутните во Ројал Алберт Хол рече дека нејзината победа означи голем чекор во светот на модата.

„Сега, повеќе од кога било, важно е да разговараме за тоа како можеме вистински да се поддржуваме и да се подигнеме меѓусебно во оваа индустрија, особено оние кои се чувствувале омаловажено“, рече таа.

Таа ја прими наградата од плус-сајз моделот Ешли Греам и ѕвездата од „Baby Reindeer“ Нава Мау, која исто така е трансродова жена.

Remote video URL

Откако потпиша договор со IMG Models во 2019 година, агенција која ги застапува супермоделите како Клаудија Шифер, Хејли Бибер и Џиџи и Бела Хадид, Консани се прослави преку TikTok, каде што сега може да се пофали со речиси четири милиони следбеници.

Таа дебитираше на модната писта за брендот Tom Ford во 2021 година, а подоцна носеше ревии за врвни куќи како Alexander McQueen и Versace.

Консани и Валентина Сампајо испишаа историја во октомври со тоа што станаа првите трансродови модели кои се појавија на модната писта за Victoria's Secret Fashion Show.

реклама

Никол Шерзингер отпатува на Хаваи, позираше во бикини и покажа завидна фигура

Read more

Создадете беспрекорно чисто опкружување со ново ниво на хигиената дома

Read more

Од имиграција до пол: Што потпиша Доналд Трамп во првите часови од неговиот мандат

Read more

Трамп вети дека ќе ја заврши војната во Украина за 24 часа: Имам уште половина ден да го направам тоа

Read more

Стил

Ќерката на Трамп на свечена вечера во фустан покриен со кристали

Read more

Новогодишно издание на Дилета Леота: Нагласување на облините со тесен фустан

Read more

Предновогодишно освежување: Домашни маски за лице

Read more

Георгина ископира од модните писти во 1999: На која подобро ѝ стои?

Read more
 

Магазин

Спанаќ за само 10 минути

Читај повеќе

Очите се одличен показател за здравјето, можат да укажат на бројни болести

Читај повеќе

Пет работи што треба да ги направите за подобро ниво на шеќер во крвта

Читај повеќе

Работи што никогаш не треба да ѝ ги правите на вашата мачка

Читај повеќе
  • filter

Создадете беспрекорно чисто опкружување со ново ниво на хигиената дома

Читај повеќе
  • play_arrow

Замена на улоги

Читај повеќе
  • filter

Ќерката на Трамп на свечена вечера во фустан покриен со кристали

Читај повеќе

Денеска е најдепресивниот ден во годината: Зошто е избран третиот понеделник во јануари?

Читај повеќе

Што треба да имате во спалната соба според вашиот хороскопски знак?

Читај повеќе