Алексис раскина со Манчестер и потпиша договор со Интер

Чилеанското крило по многу перипетии на крајот спогодбено го раскина договорот со Манчестер Јунајтед и како слободен играч потпиша со тимот од Милано.

Манчестер Јунајтед сепак не заработи ниту евро од Алексис Санчес. Минатото лето преговорите со Интер резултираа со позајмица и тоа поголемиот дел од платата да му го отплаќа Јунајтед откако Англичаните не ги прифатија понудите за трансфер кои ги доставуваше Интер. На крајот, излезе дека Манчестер беспари го продаде својот играч кој според договорот со „Црвените ѓаволи“ заработуваше високи 12 милиони евра по сезона.

Чилеанецот имаше договор со Манчестер до 30 јуни 2022 година, но се договори истиот да биде спогодбено раскинат. Така, денеска како слободен играч потпиша 3-годишен договор со „Нераѕурите“ според кој ќе заработува нешто помалку од 7 милиони евра по сезона.

URL

Според тоа, Санчес сега е третиот најплатен играч во Интер, веднаш зад Ромелу Лукаку и Кристијан Ериксен.

Играта на Санчес до пред паузата поради коронавирусот навестуваше дека Интер нема да го задржи бидејќи и самиот Антонио Конте беше незадоволен од она што го прикажуваше, иако дел од сезоната пропушти поради повреда која сигурно влијаеше и на неговата форма. Затоа, пак, по паузата Санчес покажа друга форма и стана еден од најактивните играчи на теренот, а со тоа и се избори за место во првите единаесет.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе