КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2026 КАНАДА/САД/МЕКСИКО

Алими: Ме чека 30 часа пат, но ќе го дадам максимумот за Македонија

Филип Здравески
/ 14.03.2025 / 14:40

Македонскиот репрезентативец Исник Алими го чека долг пат од Кина откако се најде на списокот на селекторот Благоја Милевски за отворањето на мундијалските квалификации.

Фото: ФФМ

Алими зимава се пресели во кинескиот клуб Далјен Инбо, од градот Далјен во крајниот североисток на земјата кој се наоѓа на полуостров и гледа директно во Северна Кореја.

Откако дебитираше во 2023 година, Алими се наметна во средниот ред и беше еден од најдобрите играчи во ланскиот одличен поход во Лигата на нации.

Сега доаѓа за да игра за Македонија против Лихтенштајн (22 март, гости) и Велс (25 март, дома), но за разлика од досега, кога доаѓаше од романски Шепши, сега го чека долг пат, речиси од Северна Кореја.

„Благодарам за поддршката. Ме чека долг пат, можеби повеќе од 30 часа лет, но ќе бидам таму и ќе го дадам максимумот за Македонија на натпреварите против Лихтенштајн и Велс“, напиша Алими на Facebook.

Алими има 13 настапи во дресот со сонцето и 2 гола.

реклама

Објавена нова мапа на Европа што ја потенцира тажната вистина за Македонија денес

Read more

Старт-стоп системите стануваат минато

Read more
policija.jpg

МВР: Повредени 23 полицајци и војници во нередите со мигрантите

Read more
Пронајдени остатоци од еден од најлошите пирати на сите времиња?

Пронајдени остатоци од еден од најлошите пирати на сите времиња?

Read more

Фудбал

Дембеле ги критикува соиграчите: ПСЖ мора да биде на прво место, а не поединци

Read more

Модриќ стана третиот најстар стрелец во Серија А

Read more

В недела по 101-ви пат Работнички и Вардар ќе го одиграат скопското дерби

Read more

Познат распоредот за Лигата на нации: Македонија отвора против Швајцарија дома

Read more
 

Спорт

Дембеле ги критикува соиграчите: ПСЖ мора да биде на прво место, а не поединци

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Обожавателите се возбудени: Мекгрегор сериозно тренира, чека покана за настанот во Белата куќа

Читај повеќе
  • play_arrow

Модриќ стана третиот најстар стрелец во Серија А

Читај повеќе

В недела по 101-ви пат Работнички и Вардар ќе го одиграат скопското дерби

Читај повеќе

Познат распоредот за Лигата на нации: Македонија отвора против Швајцарија дома

Читај повеќе

Стадионот на Тотенхем се претвора во боксерски ринг: Фјури се враќа од пензија

Читај повеќе

Седлоски: Во Лигата на нации ќе го наметнеме нашиот стил на игра

Читај повеќе

Чеферин прогласи победа над Суперлигата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн стана најстар играч во историјата што постигнал трипл-дабл

Читај повеќе