Карлос Алкарас (21) втора година по ред е победник на Вимблдон.
Тој, исто како и лани, во финалето го победи Новак Ѓоковиќ кој е 16 години постар од него, но овој пат тоа го направи на многу убедлив начин со 3:0 во сетови. Заврши 6:2, 6:2, 7:6.
Освен што ова е втора победа на Алкарас на Вимблдон, тоа е негов четврти Грен слем во кариерата севкупно, а втор годинава. Пред еден месец го освои Ролан Гарос, па сега стана само шестиот тенисер во Опен ерата кој го подигнал победничкиот трофеј и на Ролан Гарос и на Вимблдон во истата година.
To win here is special. To defend here is elite.
— Wimbledon (@Wimbledon) July 14, 2024
Carlos Alcaraz is the 2024 Gentlemen’s Singles Champion 🏆#Wimbledon pic.twitter.com/kJedyXf0vn
Првите два сета поминаа во неверојатната доминација на Алкарас и непрепознатливата игра на Ѓоковиќ. Во двата сета Шпанецот влезе со одземање на сервисот на противникот, за да го повтори уште еднаш во продолжението, па по два сета беше 6:2, 6:2.
Шпанецот играше феноменално во тој период и беше апсолутно недопирлив, додека Ѓоковиќ правеше некарактеристични грешки и изгледаше како да не е ни блиску до својата најдобра форма, што можеби не треба да чуди ако се земе предвид дека Вимблдон беше негов камбек турнир по операцијата на коленото на почетокот на јуни.
Српскиот тенисер се разбуди во третиот сет и конечно почна да му парира на Алкарас, но феноменално одиграниот гем на Шпанецот му донесе брејк за 5:4 и сервис за освојување на Вимблдон. Иако водеше со 40:0, му дозволи на Ѓоковиќ со грешки да спаси три меч топки и да стигне до 5:5.
Ќе испадне дека ова само ја одложи победата на Алкарас околу 15 минути. Со подобра игра во тај-брејкот од третиот сет, кој го доби со 7:4, Шпанецот стигна до големо славје и одбрана на титулата на Вимблдон.
The importance of taking the first set, not lost on Carlos or his box 🇪🇸#Wimbledon pic.twitter.com/JFrazhjknT
— Wimbledon (@Wimbledon) July 14, 2024