АТП ПЕКИНГ 2024

Алкарас преку Синер до титулата во Пекинг

Макфакс/Кајгана
/ 02.10.2024 / 15:16

Карлос Алкарас ја освои титулата на турнирот во Пекинг. Во финалето, по 3 часа и 21 минута, Шпанецот го победи бранителот на трофејот, Јаник Синер, со 6:7, 6:4, 7:6. Од понеделник Алкарас повторно ќе биде втор на АТП листата.

Алакрас трет пат сезонава го победи светскиот рекет број еден и стигна до својата четврта титула сезонава. Во меѓусебниот скор Алкарас сега води со 6:4.

Шпанецот пред Пекинг победи на Индијан Велс, Ролан Гарос и Вимблдон.

Исклучително квалитетен и незивесен меч одиграа Синер и Алкарас. Шпанецот подобро влезе во мечот, во првиот сет имеше предност од 5:2, меч топка на 6:5, а потоа уште две во тај-брејкот, а откако не ги искористи шансите, сетот му припадна на Синер.

Шпанецот успеа да изедначи откако во вториот сет успеа да направи брејк во деветтиот гем.

Драмата кулминираше во третиот сет, Алакрас направи брејк дојде до 3:1, имаше уште две брејк топки, а откако не ги искористи, Синер намали на 3:2, за потоа во следниот гем да го врати брејкот.

Тај-брејкот заочна со три поени на Синер, но одговорот на Алкарас беше брутален, до крајот ги освои сите поени и дојде до трофејот.

реклама

Тенис

Ѓоковиќ откри што би сакал да му пишува на надгробната плоча

Read more

Ѓоковиќ нема да игра на Завршниот мастерс во Торино

Read more

Ѓоковиќ во група со Алкарас на Завршниот Мастерс во Торино

Read more

Јаник Синер потврди дека е во врска со прекрасната Босанка Лајла Хасановиќ

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

ФИФА ги објави кандидатите за наградата Пушкаш

Читај повеќе

Костиќ удри по Пикси: Да имавме селектор немаше да изгубиме од Албанија

Читај повеќе

Милевски генерално задоволен од нулата со Латвија: Играчите ја оправдаа довербата

Читај повеќе
  • play_arrow

Роналдо им се потсмеваше на Ирците, па го стигна карма и доби црвен

Читај повеќе

Роберто Манчини има нова работа

Читај повеќе

Ибра ја објасни разликата помеѓу трите најсилни лиги во кои играл

Читај повеќе

Изјавите на Димитриевски ги разлутија челниците на Валенсија

Читај повеќе
  • play_arrow

Германски навивач си ќари дрес и автограм од судијата

Читај повеќе

Прво синот на Зидан, сега брат му на Мбапе: Алжир си ја собира дијаспората

Читај повеќе