Аматерска реклама на стационар за животни стана хит на интернет
Стационарот за бездомни животни Furkids во Џорџија, САД, сними аматерска и нискобуџетна реклама, која отврдува дека парите не се секогаш најважното, за да добиете добар резултат.
Видеото што сами си го снимиле за триесетина минути, е идеја на девојка која волонтирала во стационарот. Таа предложила да снимат реклама во која ќе глуми брат и, кој работи во недвижнини, но важи за човек со добра смисла за хумор.
Нејзината проценка испадна точна, бидејќи рекламата резултираше во нешто забавно и смешно што привлече милиони кликови и им донесе на Furkids публицитет за кој никогаш не сонуваа.