Amazon ги чести работниците по 100 долари за потврда за вакцинација

Американскиот технолошки гигант Amazon денеска најави дека ќе отвори 75.000 работни места низ својата мрежа на магацини и дистрибутивни центри во САД и Канада.

Компанијата, исто така, соопшти и дека ќе им понуди бонус од 100 долари на нововработените кои имаат потврда дека се вакцинирани против COVID-19.

Амазон додаде дека ќе понуди просечна почетна плата од 17 долари на час на тие работни места, што е одраз на неодамнешното зголемување на платата во опсег од 50 центи до 3 долари на час за повеќе од половина милион вработени во САД кои работат во таа компанија, објави CNBC.

Нудењето разни поволности за привлекување кандидати е сè пошироко распространет феномен меѓу американските фирми кои бараат работна сила на пазарот на трудот.

Некои компании тврдат дека имаат проблем да најдат работници, објаснувајќи дека тоа се должи на зголемените бенефиции кои ги уживаат невработените. Критичарите велат дека работодавачите треба да размислат за зголемување на платите со цел да привлечат работници.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе