Amazon годишно уништува милиони непродадени уреди

Компанијата Amazon секоја година уништува голема количина непродадена роба којашто вклучува и паметни ТВ уреди, лаптоп компјутери и слично, откри нова истрага.

Објавена е снимка што прикажува голема количина отпад од еден од дваесет и четирите центри во Велика Британија. Производите се главно неискористени и сместени во кутии со ознаката „destroy“ (уништи). Станува збор за дронови, книги, слушалки, фенови и слично.

Снимката е отстапена од еден од вработените кој сака да остане анонимен, а кој тврди дека работниците неделно уништуваат околу 130.000 парчиња различна роба.

„Нема причина за уништување на уредите. Правосмукалки, лаптоп компјутери, таблети, маски. Околу 50% од робата не е отворена, додека другата половина е вратена роба во добра состојба. Вработените станаа рамнодушни кон тоа што се бара од нив“, вели анонимниот извор.

Со истрага е откриено дека стотина илјади непродадени или вратени предмети секоја недела завршуваат во зоната за уништување. Како причина за уништување е моделот на работа на Amazon. Многу продавачи низ светот ги чуваат производите во магацините на Amazon, па колку што подолго стојат толку се поголеми трошоците. На крајот е поевтино да бидат уништени.

Ова што го прави Amazon не е илегално, но владата добива повици за интервенција. Од Greenpeace наведуваат дека се работи за непотребен отпад, а начинот на отстранување е шокантен.

Од Amazon сега велат дека во иднина нема да има уништување, туку приоритет ќе бидат донирањето, препродажбата, рециклирањето.

Remote video URL
Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Чек дис аут

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Read more

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Read more

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе