Три години по дебито на супер мотоциклот AMB 001, произведен од Aston Martin и Brough Superior, двете компании претставија нов модел.
Станува збор за моделот AMB 001 Pro кој дебитираше на саемот EICMA во Милано со поголема снага и подобрена аеродинамика, а инспирација нашле во биомоделот Valkyrie AMR Pro.
AMB 001 Pro го дизајнираше Aston Martin, додека за развојот се погрижи Brough Superior кој и ќе го произведува. Супербајкот го задржа агресивниот изглед на својот претходник, но доби нагласување на аеродинамичките компоненти, како нов преден спојлер, странични крила и задна перка, а резултатот е зголемен downforce и подобрен проток на воздух.
Двоцилиндричниот мотор од 997 ццм со картер изграден од цврст алуминиум има нов дизајн на цилиндер со мокри облоги за подобро ладење. Моторот развива импресивни 225 КС, што е за 25% повеќе во однос на претходникот и неговите 180 КС. Без течности мотоциклот е тежок 175 кг и поради тоа има сооднос тежина и снага 1,28 КС/кг поради што влегува во Формула 1 категоријата.
AMB 001 Pro ќе биде произведен во 88 примероци и тоа рачно, а производството ќе се одвива во фабриката на Brough Superior во францускиот град Тулуз. Пртетходниот модел беше произведен во 120 примероци. Компаниите веќе го нарачуваат овој мотоцикл, а првите испораки се очекуваат во последниот квартал од наредната 2023 година.