Експлозија којашто ја изведе американската морнарица беше толку силна што предизвика земјотрес.
Американската морнарица објави снимка којашто го покажува моментот кога експлодира бомба од 18.143 килограми, активирана близу брегот на Флорида.
Експлозијата беше изведена под вода во склоп на тестирање на можностите во воени околности. Бродот на морнарицата се наоѓаше во близна на местото на експлозијата.
Целта беше да се докаже колку се бродовите издржливи кога ќе се соочат со вакви ситуации.
Експлозијата беше толку силна што предизвика земјотрес со магнитуда од 3.9 по Рихтер, 160 километри од местото на експлозијата.