Американска војска: Извлечени од океанот сензорите од кинескиот балон

Сензори од наводниот кинески шпионски балон соборен над САД се пронајдени од Атлантскиот Океан, соопшти американската војска. Екипите за пребарување пронајдоа „значителни остатоци, вклучително и идентификувани делови од сензори и електроника“, соопшти војската на САД.

ФБИ ги испитува предметите за кои САД тврдат дека биле користени за шпионирање на чувствителни воени локации. САД соборија уште три објекти од 4 февруари.

„Делови од структура“ беа пронајдени и во понеделникот во близина на брегот на Јужна Каролина, соопштија воени претставници. Американските власти рекоа дека балонот потекнува од Кина и се користел за надзор, но Кина тврди дека тоа е само воздушен брод за следење на времето што залутал.

Белата куќа синоќа одржа прес-конференција во врска со соборувањето на три неидентификувани летечки објекти за три дена.

– Има голема разлика помеѓу кинескиот балон и овие три објекти. Кинескиот објект беше многу поголем, со големина на три автобуси, имаше свој погон. Знаеме што правеше, знаеме за што беше, изјави Џон Кирби, координаторот за стратешки комуникации во Советот за национална безбедност на Белата куќа.

– Не сакавме да го урнеме над копно, можеше да биде опасно за некој на земјата. Овие три објекти се многу помали, немаа свој погон, ги носеше ветерот. Немаме докази дека не биле користени за шпионирање, но не сме сигурни. Претседателот Џо Бајден нареди да се урнат од претпазливост, потенцираше Кирби.

Тагови
реклама

Ќерката на Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас порасна во убавица

Read more

Младите Уругвајци го освоија Светското првенство, Италија не шутна на гол

Read more

Тошковски најави награди за вработените во полиција ако помогнат во надминување на кризата со издавање на лични документи

Read more
Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе