Американски беспилотни летала извршија нов напад во Багдад

Американски беспилотни летала извршија нов напад во Багдад, потврдија извори во ирачката престолнина за Ал Арабија. Целите беа водачите на Националното движење за мобилизација (ПМФ) во Таџ, северно од Багдад. ПМФ тврди дека медицинскиот тим е погоден. Коалицијата предводена од САД негира дека извршила напад, што го потврдуваат ирачките сили.

Ракети истрелани од американските беспилотни летала погодиле два автомобила во Таџ, северно од Багдад, во напад насочен кон водачите на проиранската милиција, потврдија ирачки извори. Западни медиуми јавуваат дека во новиот напад загинале шест лица повредени се уште тројца, додека американски медиуми тврдат дека во нападот загинале пет лица.

Идентитетот на жртвите сè уште не е познат, но ирачки извори велат дека целта бил шииот Ел Заиди, опишан од американски извори како врска помеѓу иранската единица за специјални операции и локалните шиитски милиции.

Националното движење за мобилизација по нападот објави дека е погоден медицинскиот тим на организацијата.

Коалицијата предводена од САД соопшти дека не извршила воздушен напад во близина на кампот Таџи северно од Багдад. Како што напиша портпаролот на коалицијата на Twitter, коалицијата не извршила никакви напади во изминатите денови.

Ирачки воени извори исто така негираат дека нападот кај местото Таџ воопшто се случил.

За новиот напад е известено по помалку од 24 часа откако американските „рипери“ со неколку проектили го убија влијателниот ирански генерал Касем Сулејмани крај Багдад. 

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Свет

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Read more

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Read more

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Read more

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more
 

Вести

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе