Американски разурнувач нелегално влегол во водите на Јужното Кинеско Море

Кинеската војска денеска соопшти дека забележала и придружувала американски разурнувач кој нелегално влегол во водите околу Парацелските Острови во Јужното Кинеско Море.

Во соопштението, војската наведува дека разорувачот со наведувани проектили USS Milius навлегол во територијалните води на Кина, нарушувајќи го мирот и стабилноста на прометниот воден пат.

„Нашите сили постојано ќе бидат во состојба на готовност и ќе ги преземат сите неопходни мерки за одлучно да го заштитат нашиот суверенитет и безбедност и стабилност во Јужното Кинеско Море“, изјави Тијан Џунли, портпарол на јужната команда на Кина.

Тензиите се зголемуваат

Американската морнарица денеска ја оспори изјавата на кинеската војска, велејќи дека разурнувачот вршел „рутински операции“ во Јужното Кинеско Море и дека не бил избркан.

„САД ќе продолжат да летаат, пловат и оперираат секаде каде што дозволува меѓународното право“, се вели во соопштението на Седмата флота на американската морнарица.

Тензиите меѓу САД и Кина се зголемија во областа. Соединетите Американски Држави ги зајакнуваат сојузите во азиско-пацифичкиот регион со цел да се спротивстават на кинеската самоувереност во Јужното Кинеско Море и Тајванскиот теснец додека Пекинг се обидува да ги унапреди своите територијални амбиции.

Тагови
реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Свет

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Read more

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Read more
 

Вести

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе