AMOLED или IPS LCD: Која е разликата и кој екран е подобар?

AMOLED и IPS LCD екраните се двете најпопуларни технологии на пазарот. За нивните предности и недостатоци има многу дискусии.

Екранот е една од најважните компоненти на уредот, без разлика дали се работи за паметни телефони, таблети, лаптопи или AIO уреди. Иако постојат различни типови на технологии за екрани, две се доминантни на пазарот денес, а тоа се AMOLED и IPS LCD. Изборот на паметни телефони, во зависност од типот на екранот, може да влијае на корисничкото искуство, поради што денес се занимаваме со разликите помеѓу овие две технологии.

IPS LCD

LCD (Liquid Crystal Display) екраните постојат многу години и сè уште се широко користени кај паметните телефони и таблетите, телевизорите и повеќето компјутерски монитори. Во основа, LCD користи течни кристали, каде што еден LCD пиксел е направен од еден течен кристал како светлосна точка. Зад овој распоред на течни кристали е позадинско осветлување кое е извор на светлина.

Светлината што минува низ течниот кристал е поларизирана, контролирана со хоризонтални и вертикални филтри од страната на кристалниот распоред, така што некои бои се пропуштаат, а други се филтрираат.

Најчестата LCD технологија денес е IPS LCD (In-Plane Switching Liquid Crystal Display), а подолу ги сумиравме предностите и недостатоците од користењето на оваа технологија.

Предности на IPS LCD екраните:

  • пониски трошоци за производство во споредба со AMOLED
  • добар опсег на бои
  • боите имаат поприроден изглед
  • боите се посветли на директна сончева светлина
  • траат подолго во споредба со AMOLED поради неможноста за гравирање на сликата
  • добиената слика е поостра

Недостатоци на IPS LCD екраните:

  • контрастот на боите не е толку силен како AMOLED (црната не е 100% црна, белата не е 100% бела)
  • трошат повеќе енергија од AMOLED екраните
  • панелот е подебел од AMOLED поради позадинското осветлување
AMOLED

AMOLED (Active Matrix Organic Light-Emitting Diode) е понова технологија од IPS LCD. Во суштина, AMOLED користи анода и катода за проток на електрони низ многу тенок слој филм. Осветленоста се одредува според јачината на протокот на електрони, додека бојата е контролирана од црвените, зелените и сините емитувачки диоди вградени во екранот.

AMOLED технологијата која најчесто денес се користи е Super AMOLED, а предностите и недостатоците на екраните кои ја користат оваа технологија се следните:

Предности на AMOLED екраните:

  • повисок контраст во споредба со IPS LCD
  • троши помалку енергија во споредба со IPS LCD
  • потенок панел поради недостаток на позадинско осветлување
  • способност за независно ажурирање на бојата на пикселите
  • црната боја се постигнува со исклучување на RGB LED пикселите, што значи дека црната боја е целосно црна
  • подобар екран во бела боја во споредба со IPS LCD кој има тенденција да биде синкав

Недостатоци на AMOLED екраните:

  • тенденција за гравирање на сликата и пократок животен век во споредба со IPS LCD
  • повисоки трошоци за производство
  • ефикасноста на екранот зависи од содржината што се прикажува
AMOLED или IPS LCD, што е подобро?

За жал, не постои точен одговор. И двете технологии имаат свои предности и недостатоци, па на клиентите им останува да одлучат според нивните потреби. Паметните телефони кои користат AMOLED екрани имаат тенденција да бидат поскапи, но тие можат да им обезбедат на своите клиенти подобра автономија на батеријата ако користат потемни теми во нивната секојдневна работа. Исто така, боите се позаситени, што може да биде попријатно за гледање, но токму затоа луѓето кои се занимаваат со професионална фотографија и видео најчесто избираат IPS LCD за да имаат поверен приказ на боите.

Тагови
реклама

Олово, кадмиум и арсен се пронајдени во домат и крставица на македонскиот пазар

Read more

Протече нов нацрт договор од СЗО:„Светот мора да се подготви за нова уште посмртоносна пандемија“

Read more

Трагична несреќа кај Штип со три загинати лица

Read more

Цели семејства од Македонија одат на сезонска работа во Хрватска

Read more

Хардвер

Бирајќи го идеалниот Bluetooth звучник: 6 работи на кои треба да се внимава

Read more

Дали знаете дека USB стикот има рок на траење?

Read more

Откриени спецификациите на Pixel Tablet на Google

Read more

Митови и вистини за полнењето батерија на смартфонот

Read more
 

Гик

Лекарите велат дека ова е најважниот вирус за кој никогаш не сте слушнале

Читај повеќе

Со помош на ултразвучни бранови во иднина и луѓето ќе хибернираат

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓердан со заб од мегалодон пронајден во потонатиот Титаник

Читај повеќе

Кои се најпопуларните телефони од врвна класа во првиот квартал?

Читај повеќе

The Witcher 3 е најпродавана RPG игра во историјата

Читај повеќе

Google веќе го распродаде најскапиот телефон, а уште не е пуштен во малопродажба

Читај повеќе

Италија сака да инсталира Ајнштајнов телескоп во напуштен рудник

Читај повеќе

На Twitter му се заканува забрана од ЕУ

Читај повеќе

Ракетата SLS на НАСА го надмина буџетот за 6 милијарди долари, а доцни шест години

Читај повеќе