ПРЕМИЕР ЛИГА 2024/2025

Аморим бара трпение по ремито против Ипсвич: Нѐ чека долг период на страдање

Навивачите на Манчестер Јунајтед очекуваа многу од доаѓањето на Аморим, но Португалецот ги разочара на своето деби. Плановите на новиот тренер на „Црвените ѓаволи“ ги наруши Ипсвич, кој одигра храбро и стигна до реми од 1:1.

Сепак, Рубен Аморим не беше многу загрижен по овој резултат, туку најави долг период на страдање, а од симпатизерите на Манчестер побара трпение.

„Знам дека е фрустрирачки за навивачите, но ние менуваме толку многу работи во моментов, со толку многу натпревари. Нѐ чека долг период на страдање и обиди да победиме, ќе биде потребно време. Можеме да победиме против Ипсвич, но можевме и да загубиме да не беше Онана. Мораме да размислуваме и да бидеме прагматични за фактот дека овие момци имаа само два дена да тренираат и да променат толку многу. Ова е захтевна лига, го сфаќате тоа веднаш штом ќе дојдете. Моите играчи толку многу размислуваа за играта, што можеше да се почувствува. Не само додека ја имаа топката, тие цело време размислуваа каде треба да бидат и тоа е толку тешко кога имаш само два дена да го воиграш тимот“, рече Аморим.

Јунајтед поведе со голот на Маркус Рашфорд по само 2 минути игра, но не знаеше како да ја зачува предноста.

„Ако го погледнете првото полувреме, ќе видите дека тие беа малку исплашени. Сем Морси од Ипсвич секогаш беше сам. Моравме да скокнеме на него. Хачинсон секогаш беше во мртвиот простор. Имавме само два дена и бевме малку збунети“.

На Португалецот очигледно ќе му треба време за да го извлече максимумот од сите играчи.

„Почнувам да откривам работи што не ги знаев, како Гарначо да може да ја задржи топката меѓу противничките линии. Ќе се обидеме да најдеме такви работи и да ги искористиме. И ќе ни треба време да ги откриеме тие работи“, заклучи Аморим.

реклама

Уште една земја го призна Косово

Read more

Три вообичаени грешки при полнење гориво со кои го оштетувате вашиот автомобил

Read more

Како помрачувањето на 29 март ќе влијае на вашиот хороскопски знак?

Read more

Први снимки по разорниот земјотрес во Мјанмар: Тресеше и во Тајланд на 1.000 км од епицентарот

Read more

Фудбал

7 најголеми заборавени фудбалски династии

Read more

Анчелоти преговара со Бразил

Read more

Проблемите на Алиша Леман: Ако сакам да играм со нокти и шминка, ќе играм

Read more

Близнаците на Дарен Флечер се капитени на две различни репрезентации

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Најлошите 12 секунди на Леброн во кариерата: Лејкерс загуби со тројка од центар

Читај повеќе
  • play_arrow

7 најголеми заборавени фудбалски династии

Читај повеќе

Ѓоковиќ мора да плати казна за нелегалната вила вредна 10 милиони евра

Читај повеќе
  • play_arrow

Извлечени групите за ЕвроБаскетот 2025

Читај повеќе

Анчелоти преговара со Бразил

Читај повеќе

Шумахер има потреба од постојана грижа и е целосно зависен од неговите старатели

Читај повеќе

ПСЖ формира кошаркарски клуб и веднаш станува дел од НБА лигата

Читај повеќе
  • play_arrow

Проблемите на Алиша Леман: Ако сакам да играм со нокти и шминка, ќе играм

Читај повеќе

Близнаците на Дарен Флечер се капитени на две различни репрезентации

Читај повеќе