ПРЕМИЕР ЛИГА 2024/2025

Аморим за отпишаниот Рашфорд: Попрво би ставил тренер на голмани отколку него

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, изјави дека повеќе би сакал да го стави својот 63-годишен тренер на голманите како замена отколку Маркус Рашфорд или кој било друг играч на Манчестер Јунајтед кој не дава максимум на тренинзите.

На прашањето за отсуството на Рашфорд од тимот кој го победи Фулам со 1:0, Аморим рече дека „причината е тренингот“.

„Причината е секогаш иста. Причината е тренингот, начинот на кој гледам што треба да прави еден фудбалер. На тренинзите, во животот, секој ден, секој детаљ. Така, ако работите не се сменат, јас нема да се сменам“, јасен е Аморим, додавајќи:

„Иста е ситуацијата за секој играч. Ако работи напорно, ако ги прави вистинските работи, можеме да го искористиме секој играч. Можете да го видите тоа денес на клупата - ни недостига малку темпо да одиме, да ја промениме играта, да поместам некои фигури, но јас го претпочитам така. Ќе го ставам Витал (тренер на голманите) пред да ставам играч кој не дава максимум секој ден, па нема да се менувам околу тоа“, тврди Португалецот.

Да потсетиме, од доаѓањето на Аморим во Манчестер, Рашфорд практично е пречкртан и се очекува да го напушти клубот до крајот на преодниот рок.

Како главен кандидат за негово доведување се споменува Барселона која пред трансферот мора да го усогласи буџетот за да може да го доведе.

реклама

Изгласана недоверба на делегатите на УСС УКИМ

Read more

Не се јајца: Нутриционист откри кој е најздравиот појадок

Read more

Земјотрес во тенисот – Ѓоковиќ и колегите поднесоа тужба

Read more

Митева: Во Скопје само 2 објекта од вкупно 13 имаат важечка лиценца за кабаре

Read more

Фудбал

Шпански медиуми: Алонсо доаѓа во Реал и веќе отпиша двајца играчи

Read more

Бугарските легенди Стоичков, Михајлов и Бал'ков собираат средства за настраданите во Кочани

Read more

Црвена звезда и Вардар договорија хуманитарен меч: Сите приходи за погодените од трагедијата во Кочани

Read more

Напаѓачите Ристовски и Ќамили отпаднаа поради повреди, Тошевски доби повик

Read more
 

Спорт

Шпански медиуми: Алонсо доаѓа во Реал и веќе отпиша двајца играчи

Читај повеќе
  • play_arrow

Роденденецот Зубац доминираше над најдобриот тим во НБА

Читај повеќе

Земјотрес во тенисот – Ѓоковиќ и колегите поднесоа тужба

Читај повеќе

Бугарските легенди Стоичков, Михајлов и Бал'ков собираат средства за настраданите во Кочани

Читај повеќе

Димитријевиќ ќе го напушти Милано

Читај повеќе

Црвена звезда и Вардар договорија хуманитарен меч: Сите приходи за погодените од трагедијата во Кочани

Читај повеќе

Крај на сезоната за Марко Митев

Читај повеќе

Напаѓачите Ристовски и Ќамили отпаднаа поради повреди, Тошевски доби повик

Читај повеќе

Романо: Модриќ има само една желба

Читај повеќе