Доколку некогаш се одлучите да го посетите Амстердам и да запловите низ градските канали, задолжително застанете кај малата пицерија Сан Марко, „спуштете го сидрото“ и опуштете се со пијалак и нешто од вкусното мени.
Необичниот ресторан се наоѓа во близина на центарот, а до него се стигнува само по вода. Цените се исклучително разумни, а во понудата има сокови, пиво, вино, како и пици, тестенини, салати и други јадења.
Судејќи според критиките на Trip Advisor, овој ресторан воодушевил огромен број посетители. Освен што храната може да се консумира на чамци и бродови, достапна е и опцијата за испорака до сите делови на Амстердам.
Ако патот ве однесе до Амстердам во иднина - изнајмете брод, нарачајте пијалаци и храна и уживајте во гледањето на атмосферата од околните улици и мостови.