Ана, една од девојките објавени во „Јавна соба“: Денес жртва сум јас, утре тоа може да бидеш ти

„Здраво, јас сум Ана, една од девојките којашто беше објавена во „Јавна соба“, чија што слика беше симната од Instagram и на која беа објавени лични податоци“, вака младата девојка од Кавадарци ја започна храбрата изјава на Instagram, што предизвика внимание кај медиумите и јавноста.

Ана објаснува дека нејзина фотографија, направена во текот на летен одмор, заедно со невкусен опис и нејзини лични информации, меѓу кои и телефонски број, биле оставени во злогласната група „Јавна Соба“ на Телеграм, со цел да ѝ се наштети.

Младата девојка вели дека фотографијата била објавена, злоупотребена и препраќана. Ана им се обраќа на сите девојки кои доживеале слично нешто, дека тоа не е нивни срам, виновни се оние кои го злоупотребуваат тоа. Таа советува да се биде внимателен со жртвите, да им се даде максимална поддршка и јавно да се проговори за вакви работи да не се случуваат повеќе.

Таа објаснува и за односот на полицијата со нејзиниот случај, вели дека им ги покажала пораките и со име и презиме ги посочила луѓето кои ѝ ѕвонеле, но откако дознале дека е полнолетна, од полицијата добила одговор дека законот ништо не може да направи бидејќи таа има 28 години. Законот ги штити само малолетниците, вели таа.

Токму затоа, посочува Ана, луѓето се осмелуваат да прават вакви работи бидејќи законот не ги штити жртвите.

Слушнете ја изјавата на Ана:

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Македонија

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Read more

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Read more

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Read more

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега

Читај повеќе

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Читај повеќе
  • play_arrow

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Читај повеќе

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Читај повеќе

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Читај повеќе