Анализа на УНДП: Воздухот во градинките и училиштата загаден двапати над дозволеното

Воздухот во внатрешните простории на улиштатата и градинките во Гостивар, Куманово, Струга, Струмица и во Кавадарци е загаден двапати над препорачаната граница од Светската здравствена организација. Ваков резултат покажа анализата направена од УНДП со финансиска поддршка од Шведска, која денеска беше презентирана.

Дејан Мираковски, професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, вклучен во истражувањето, вели дека воздухот во затворените простории во училиштата и градинките, слично како и надворешниот амбиентален воздух, го надминува дозволениот лимит на ПМ 2,5-суспендирани честички, а истражувањето покажало дека другите загадувачи се во рамките на прифатливите граници. Иако се поврзани, нема директно влијание на надворешниот воздух врз воздухот во внатрешните простории. Истражувањето покажало дека во зимскиот период кога суспендираните честички имаат екстремно високи концентрации надвор, тие не пробиваат во целост внатре, па зимно време концентрациите се помали во затворените простори за разлика од летно време кога тие се поголеми.

„Во просек за двапати ги надминуваме препораките на Светската здравствена организација. Максимално дозволена концентрација на ПМ 2,5-честичките за 8 часа во затворен простор е 25, а кај нас надминувања има и во студената и во топлата сезона и концентрациите на ПМ 2,5-честичките се движат од 40 до 80 микрограми на кубен метар“, рече Мираковски пред презентацијата на резултатите од истражувањето.

Тој нагласи дека дишеме загаден воздух и внатре и надвор, но дишењето загаден воздух внатре е поголем проблем оти, особено во зимскиот период, многу повеќе време децата минуваат во затворени простории. За разлика од надворешниот воздух, за внатрешниот Мираковски вели дека има повеќе решенија. Такви се современите системи за вентилација, едноставните самостојни системи за филтрација на воздухот, кои може да намалат 80-90% од концентрациите на суспендираните честички, како и мерките за хигиена, кои вклучуваат почесто мокро пребришување, како и посебна облека и обувки за внатре. Сите овие мерки заедно Мираковски вели дека може за кусо време да дадат резултат.

Пред денешната презентација на резултатите од истражувањето, шведската амбасадорка Ами Ларсон Џеин рече дека за него се издвоени пари од даночните обврзници на Шведска, но им се заблагодари и на општините Гостивар, Куманово, Струга, Струмица и Кавадарци, кои заедно со кофинансирање успеале да издвојат речиси еден милион евра.

Министерот за здравство, Арбен Таравари, пред почетокот на презентацијата на резултатите од истражувањето рече дека справувањето со загадениот воздух треба да биде заедничка акција на сите и најави дека во рамките на таквите активности в година 10 болници ќе го сменат начинот на греење и нема повеќе да користат мазут и нафта.

На презентацијата присуствуваше и заменик-министерот за труд и социјала, Ѓоко Велковски, кој најави дека како Министерство во следниот буџет ќе бараат начин за директно да им помогнат на училиштата и градинките во справувањето со загадениот воздух во просториите. А, пак, Министерката за образование, Весна Јаневска, рече дека интензивно работат на менување на греењето во училиштата и градинките и најави дека по презентацијата на резултатите од истражувањето очекува предлози како да се подобри квалитетот на воздухот.

реклама

Зошто не се препорачува консумирање домати и краставици во комбинација?

Read more

Половина Македонија се разбуди во мрак, граѓаните бесни чекаат одговори

Read more

Колку ќе ве чини реновирање на стан во Скопје?

Read more

Барса вечер прв пат во историја ќе истрча со 11 играчи од Ла Масија

Read more

Македонија

Два земјотреса утринава ги разбудија охриѓани и стружани, епицентарот во Пештани

Read more

МЕПСО: Прекинот на струја е поради европски проблем со висок напон, системот е стабилизиран

Read more

Азир Алиу му сврте грб на Таравари, ексминистерот останува со ВЛЕН

Read more

Половина Македонија се разбуди во мрак, граѓаните бесни чекаат одговори

Read more
 

Вести

Осум часа агонија во Киев, Русите лансираа дури 273 дронови, има и жртви

Читај повеќе

Два земјотреса утринава ги разбудија охриѓани и стружани, епицентарот во Пештани

Читај повеќе
  • play_arrow

Докази кои Белата куќа не сакаше да ги објави за Бајден, испливаа снимки од сослушувањето

Читај повеќе

МЕПСО: Прекинот на струја е поради европски проблем со висок напон, системот е стабилизиран

Читај повеќе

Азир Алиу му сврте грб на Таравари, ексминистерот останува со ВЛЕН

Читај повеќе

Трамп пресече: Понеделник ќе биде Денот Д

Читај повеќе

Половина Македонија се разбуди во мрак, граѓаните бесни чекаат одговори

Читај повеќе

Наутро минус, а попладне пролет

Читај повеќе

Прв до врв ќе затвори улици во Скопје, спортисти и рекреативци ќе итаат кон Водно

Читај повеќе