Анализа: Путин со советска стапица го стави Трамп на тенок мраз

Владимир Путин го изигра Доналд Трамп користејќи т.н. советска стапица, анализира Politico.

Рускиот претседател Владимир Путин ја искористи „советската стапица“ за да си купи многу време во преговорите за прекин на огнот во Украина со американскиот лидер Доналд Трамп, се наведува во анализата на бриселски Politico.

Трамп и Путин на крајот постигнаа договор според кој Украина и Русија ќе ги запрат нападите врз енергетската инфраструктура на 30 дена, што е далеку од првичниот план за целомесечен прекин на огнот и уште подалеку од ветувањето на Трамп дека „итно ќе стави крај на војната“.

Соговорникот на Politico, Метју Шумејкер, поранешен американски разузнавач, смета дека во оваа ситуација Трамп паднал во „советска стапица“ која Путин вешто ја искористил.

„За време на Студената војна, американските лидери често се спротивставуваа на ангажирање во долготрајни процеси, признавајќи дека тие служат како механизам за застој на Советите, дозволувајќи им да се реорганизираат или да ги искористат предностите. Трамп ризикува да падне во оваа историска замка, бидејќи одолговлекувањето на Путин може да ѝ дозволи на Русија да ја зајакне својата воена и политичка позиција, а истовремено да ја поткопува американската позиционираност“.

Дополнително, во текстот се наведува дека американските сојузници, пред сѐ Украина, мора да бидат загрижени за начинот на кој Белата куќа извести за овој повик.

„Далеку од покажување со прст кон неподготвеноста на Русија да иницира целосен прекин на огнот, американскиот опис на повикот беше позитивен. На трамповски јазик, соопштението на Белата куќа ја поздрави можноста за огромни економски договори меѓу Вашингтон и Москва“, пишува Politico.

Сепак, според оваа анализа, ситуацијата дополнително се влоши со остатокот од разговорот, каде што Трамп и Путин разговараа за „потенцијалната идна соработка во многу сфери“, што ја вклучуваше идејата за организирање хокеј натпревар меѓу руски и американски играчи.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски беше информиран за сѐ преку медиумите и веднаш даде изјава дека „на Путин не може да му се верува“.

реклама

Свет

Зеленски: Спремни сме на директни разговори со Русија

Read more

Објавени последните зборови на папата

Read more

Италија прогласи петдневна жалост за смртта на папата Франциск, погребот в сабота

Read more

Ал Гор: Администрацијата на Трамп е како нацистичка Германија

Read more
 

Вести

Зеленски: Спремни сме на директни разговори со Русија

Читај повеќе

Времето утре претпладне сончево, попладне пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Објавени последните зборови на папата

Читај повеќе

ММФ: Светската економија значително ќе забави, на САД драстично

Читај повеќе

УЈП: Даночните обврзници имаат рок до петок да поднесат ДДВ – 04 пријави

Читај повеќе

МВР апелира: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки

Читај повеќе

Италија прогласи петдневна жалост за смртта на папата Франциск, погребот в сабота

Читај повеќе

Ал Гор: Администрацијата на Трамп е како нацистичка Германија

Читај повеќе

Нова цена на мазутот, дизелот и бензините без промени

Читај повеќе