Тренерот на Евертон се најде во необична ситуација кога доби прашање зошто ослободил играч кој 11 години е дел од Евертон, а тој ниту знаеше дека играчот си заминал, ниту пак и дека воопшто постои.
Малкумина слушнале за фудбалерот Лук Гарбот, ама меѓу нив е и неговиот тренер Карло Анчелоти, ако може да се каже дека му е тренер.
Од 2009 е во Евертон каде се приклучи како младинец. Игра како лев бек или крило, а денес има 27 години. Иако 11 години е дел од клубот, сегашниот стратег на „Карамелите“ не ни слушнал за него.
Гарбат иако 11 години е во Евертон, има само 5 настапи за тимот. Тоа е бидејќи годините ги минувал на позајмици по Челтенхем Таун, Колчестер Јунајтед, Фулам, Виган Атлетик, Оксфорд Јунајтед и изминатава сезона Ипсвич Таун. Анчелоти всушност и не го ни тренирал. Сепак, тоа не беше причина еден новинар да му постави прашање за Гарбат и Италијанецот да се најде изненаден.
„Лук Гарбат е во клубот 11 години. Зошто решивте да се ослободуте од него?“, праша новинарот, а на тоа Анчелоти се зачуди.
„Кој!?“, препраша Анчелоти по што мораше да добие објаснување од страна. „Извинете ама јас сум изненаден од ова прашање, не знам“, додаде тој.
Гарбат немаше замерка за незнаењето на Анчелпоти, на тоа само се насмеа на Twitter.