УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2022/2023

Анчелоти: Кој се плаши од повреди нека седи дома, има добри филмови и серии

Тренерот на Реал Мадрид беше остар на прес-конференцијата во Лајпциг и не штедеше зборови кон играчите кои се плашат од повреди.

Кралскиот клуб вечерва гостува кај германскиот тим во 5. коло од Лигата на шампионите. Со оглед на тоа што е прв со 10 бода и пласманот во наредената фаза му е заверен, останува само да го завери првото место, што и во случај на денешен неуспех не би требало да биде проблем со оглед на тоа што во последното коло игра дома против аутсајдерот Селтик.

Ваквиот развој на настаните предизвика одредени играчи да посакуваат да не играат вечерва на спопред нив „неважниот“ натпревар, а со цел да не ризикуваат повреди.

Едно од прашањата кои Карло Анчелоти ги доби од присутните новинари се однесуваше и на стравот од повреди кај поедини фудбалери од неговиот тим.

„Страв од повреди? Па повредите се дел од работата. Ако не сакате да се повредите останете на каучот. Тие што се плашат од повреди, нека си останат дома, секогаш има добри филмови и серии за гледање“, беше крајно интересниот коментар на италијанскиот стратег.

Вечерва во Лајпциг нема да играат Лука Модриќ, Феде Валверде, Карим Бензема, Дани Себаљос и Мариано Диас кои воопшто и не допатуваа во Германија. За сите освен Модриќ се знае дека се повредени, додека за Хртватот Реал само соопшти дека нема да биде во комбинација без да ја наведе причината. Шпанските медиуми синоќа објавија дека тој има мали проблеми со адукторот и превентивно останал во Мадрид - веројатно ќе гледа филмови или серии, како што вели Карло.

Лајпциг и Реал играат од 20:45 на „Ред Бул“ арената во Лајпциг, а натпреварот ќе го суди сонародникот на Анчелоти, Даниеле Орсато.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе