УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2021/22

Анчелоти: Ми кажуваа приказни дека англиските клубови биле подобри од шпанските

Тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, откако неговиот тим синоќа го елиминираше Челси во четвртфиналето од Лигата на шампионите, изјави дека магијата на нивниот стадион е заслужна за големиот спектакл.

„Победивме бидејќи имавме енергија да ја оживееме играта, што и успеавме благодарение на промените. Не заслуживме негатива од 2:0. Изгинавме по паузата бидејќи ни недостигаше специјалист за одбрана против нив, Милитао.

Се мачевме, но тоа е нормално кога играш против клубови како Челси, кој има одличен тим. Мислам дека не бевме доволно гладни за голови, бидејќи на почетокот не ни требаа. Но, заслуживме да поминеме. Водството на противникот од 3:0 нѐ ослободи, а на виделина излезе магијата на 'Бернабеу', магијата на овој клуб...“, изјави Анџелоти.

Италијанскиот стручњак потоа му честиташе на својот колега Унаи Емери за пласманот во полуфиналето со елиминацијата на гигантот Баерн.

„Му честитам на Унаи Емери. Среќен сум за Виљареал, навистина сум среќен поради нив. Заедно дадовме големо охрабрување за сите од Шпанија. Слушав приказни за тоа како шпанските клубови се инфериорни во однос на англиските, а еве две шпански екипи се во полуфиналето“, изјави Анџелоти.

Може да им се придриужат и две англиски доколку вечерва Ливерпул и Манчестер Сити го одбранат водството од првите натпревари. Но, може да бидат и 3 шпански во полуфиналето доколку Атлетико успее да ја надокнади негативата од еден гол во пресметката со „Граѓаните“.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Фудбал

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Read more

Милан сака да се засили со братот на Турам

Read more

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Read more

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Лидерот Бостон падна во Атланта, го средија Мареј и Богдановиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитров го растури Алкарас во Мајами

Читај повеќе

Ливерпул се откажа од Алонсо, Клоп ќе го наследи Рубен Аморим

Читај повеќе

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе