Анџелина Џоли: Како стареам, добивам сè подобри улоги

Анџелина Џоли во ново интервју изјави дека не верува оти годините ќе влијаат на нејзината актерска кариера.

Оваа година познатата актерка ја имаше главната улога во биографскиот филм Maria за оперската дива Марија Калас, за кој некои веќе ѝ предвидуваат номинација за Оскар.

Maria е третиот филм од серијата биографски филмови на чилеанскиот режисер Пабло Лараин. Претходните два филма, Jackie со Натали Портман и Spencer со Кристен Стјуарт, ги истражуваа животите на Џеки Кенеди и принцезата Дијана.

Како што објави Deadline, Џоли изјавила за The Sunday Times: „Како стареам, добивам сè подобри улоги. Не размислувам за тоа во смисла на квалитетот на улогите што ги добивам, туку на количината на животно искуство со кои придонесувам во проектот“.

Џоли оваа година наполни 49 години и верува дека стареењето е многу полесно за актерите отколку за пејачите или танчарите бидејќи нивните тела не поминуваат низ истите промени. Додала и дека ја цени оперската пејачка Марија Калас, која ја толкува во новиот филм, бидејќи продолжила да пее и покрај стравот од стареење.

Во Maria, Џоли ја игра американско-грчка сопран певица непосредно пред нејзината смрт во Париз. Во филмот, оперската дива се соочува со прашања за сопствениот идентитет и живот по гламурозната и бурна кариера во центарот на вниманието. Во реалниот живот, Калас почина од срцев удар во 1977 година, на 53-годишна возраст.

Remote video URL

Биографскиот филм Maria ја имаше својата светска премиера на филмскиот фестивал во Венеција, каде што доби десетминутни овации. Џоли доби многу пофалби за нејзината изведба.

Филмот веќе се прикажува во одредени кина и ќе биде достапен на Netflix во странство од петок, 6 декември. Не се знае кога ќе биде достапен за македонските претплатници на стриминг платформата.

Следно Џоли ќе глуми во новиот филм на француската режисерка Алис Винокур, Stitches. Покрај Џоли, актерската екипа ја сочинуваат Ела Рампф и Луис Гарел.

реклама

Филм & ТВ

Џилијан Андерсон се враќа во The X-Files?

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Кристен Стјуарт се венчаше со партнерката Дилан Мејер на приватна церемонија во Лос Анџелес

Read more

Џеј Ло во тесен розов комбинезон на тренинг на Ф1: Позираше со тимот на Ферари

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Џилијан Андерсон се враќа во The X-Files?

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Кристен Стјуарт се венчаше со партнерката Дилан Мејер на приватна церемонија во Лос Анџелес

Читај повеќе

Џеј Ло во тесен розов комбинезон на тренинг на Ф1: Позираше со тимот на Ферари

Читај повеќе
  • play_arrow

Политиката го засени филмот: Снежана страда поради Гал Гадот

Читај повеќе

„Јон Вардар против Галаксијата“ се прикажува на меѓународниот филмски фестивал во Москва

Читај повеќе

Илон Маск и Амбер Херд во правна битка за ембриони

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Американците го протерале Чарли Чаплин од САД?

Читај повеќе

Откриена причината за ненадејната смрт на Мишел Трахтенберг

Читај повеќе